Се почести шпекулации – идниот Peugeot 108 како crossover

Автомобилите кои припаѓаат на таканаречениот „А“ сегмент ја губат популарноста во последните неколку години, па така Škoda, на почетокот на овој месец – септември објави дека ќе го укине моделот Citigo, а слична ситуација е и Peugeot 108 како и кај неговите близнац(чк)и Citroen C1 и Toyota Aygo што се произведуваат во иста фабрика во Чешка….

Кога сегашниот модел, кој беше претставен во 2014 година, наскоро се повлече од производство, неговото место може да го заземе мал crossover со ознака 1008, пишува Caradisiac.

Новиот модел би заземал позиција под Peugeot 2008 во понудата на crossover/ SUV модели на францускиот производител на автомобили а би ја користел CMP механичката  платформа и палета на бензински мотори PureTech, додека основната верзија би имала 75 КС.

Дизелите не би биле во понуда, но секако би имало простор за електрична верзија, која, како и моделот e-2008, би имала електричен мотор со моќ од 136 КС и погонска батерија од 50 kWh.

Автономијата на возење би била околу 10 км, што за градски квази crossover, со повремени мали авантури вон асфалтот, е повеќе од доволно.

Доколку овие најави се покажат точни, Peugeot 1008 треба да пристигне на пазарот некаде  кон крајот на наредната 2021 година или почетокот на 2022 година.

Како што говори народната поговорка „каде има чад, обично, има и оган“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volvo планира да издаде зелени обврзници

Првиот човек на Cupra е нов шеф во Seat

В. Британија ќе им каже збогум на возилата со внатрешно согорување

Со изедначување на акцизата на екстра лесното гориво доби и животната средина и граѓаните

Салонот за автомобили во Детроит повторно одложен – за есента 2021

Нови камиони на сребрената ѕвезда  Actros F и Edition2

Уште една потврда дека времето на Автомобилски магазини е минато!

Нов скандал во светот на мобилноста-Nikola обвинет за измама!

ЕУ дополнително ги заостри нормите за CO2 емисиите