Се подготвува Ford Megazilla -V8 мегабензинците не се предаваат

Во морето вести кои сугерираат дека класичните бензини дизели се во се во фаза на одумирање , има и такви кои потврдуваат дека сè уште се работи на моќни V8 мотори …

Наводно, Ford развива twin-турбо верзија на моќниот атмосферски 7,3-литарски мотор Godzilla V8. Овие мотори првично беа развиени во 2019 година за палетата на Super Duty камионети (pick-up) на компанијата. Моторот е достапен и може да се купи одделно – ако сакате да го инсталирате или користите некаде.

Оригиналниот Godzilla има моќни 430 КС при 5500 вртежи во минута, но и импресивни 644 Nm при 4000 вртежи во минута.

Моторот го користат и многу конструктори на возила за трки за забрзување. Според специјализираните портали , Ford, наводно, веќе започнал со првично тестирање на twin – turbo варијантата на огромниот 7,3-литарски мотор во најмалку два Ford Super Duty камионети , а новата верзија веќе доби прекар – Megazilla.

Познато е дека постојните мотори на Godzilla се способни да се справат со радикалното тјунирање. Некои верзии, се навистина со исклучителна моќ од повеќе од 1000 КС, се  веќе  конструирани и се пласирани на специјализираниот пазар на специјално подготвени креации на четири тркала.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иновативни метлички со две острици

Германците вградуваат клима уреди и во автопат

Lamborghini со нов V12 со хибридна помош

Електричен AC Cobra Series1

Повеќе од две и пол децении ESP спасува животи на патот

Beach Bot автономен робот „чешла“ плажи собира остатоци од цигари, ѓубре…

Шатл без возач, тестира гуми без воздух!

Во Русија направен најголемиот мобилен полнач за EV во светот!

Hyundai ќе понуди Ioniq 5 N перформанс изведба