Се погласни барањата за патарини низ градовите во ЕУ

На саемот за автомобили IAA Mobility, во Минхен, сообраќајните експерти се изјаснија во корист на градските патарини во големите градови…

Како пишуваат специализираните портали, патарините од шест евра дневно би можеле, на пример, да го намали сообраќајот во Минхен за дури 23 отсто во однос на актуелната ситуациа.

Сообраќајните експерти од Институтот Ifo, на техничкиот универзитет во Минхен и BMW производителот на автомобили, се залага за воведување на патарини во поголемите германски градови – секој кој може да си дозволи BMW, исто така, може да си дозволи надоместок против сообраќајниот метеж.

 

Не е до крај најјасно што е со оние кои не можат да си дозволат BMW, но нив и така никој  и не прашува за што и да е.

Патарините од шест евра би можеле да го намалат сообраќајот во Минхен за 23 отсто, изјави Оливер Фалк, шеф на Ifo Центарот за индустриска организација и нови технологии.

Градот ќе мора да го наплати надоместокот од секој возач, без исклучок, вклучувајќи ги и жителите.

Приходот од 600 милиони евра може да се користи за локален јавен превоз и надомест за вработените со ниски плати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најпопуларни автомобили август во Германија

Renault Kadjar ќе добие електричен наследник

Луксембург со најмногу автомобили на жител во Европа

Русија повеќе не казнува „преголема просечна брзина“ на патиштата

Новиот Citroen C4 и e-C4 100% electric-Успешен почеток на продажбата во Европа

Во област крај Москва ќе се гради прва фабрика на Tesla во Русија

Познати полуфиналистите на изборот Северноамерикански автомобил на годината 2022

САД проверуваат 30 милиони возила поради потенцијално неисправни перници

Hyundai Ioniq 6 одложен поради редизајн!