Се погласни се шпекулациите за голем седан на Alfa Romeo

Условно кажано, новиот голем идентитет на автомобилската индустрија, групацијата Stellantis смета на марката Alfa Romeo и има за цел да продолжи да ја развива гамата на премиум возила од Милано…

Палетата на марката моментално вклучува само три возила, па иако се чини дека со толку малку адути во гамата на Alfa губи залет, всушност е во налет бидејќи до неодамна немаше речиси ништо актуелно да понуди.

Покрај тоа, се планира проширување на понудата, а сега слушаме приказни за лансирање на нова голема лимузина на италијанскиот спортски бренд со богата и успешна историја.

Stellantis е сè уште многу млада група на глобалната автомобилска сцена и во самиот конгломерат постои прераспределба на улогите меѓу брендовите кои се контролирани од централизирани раководни тела.

Поклониците на марката, како и поголемиот број на вљубеници во автомобилите се задоволни од идејата Alfa Romeo да настапи во премиум сегментот, со јасно прокламирана амбиција да го направи брендот чисто електричен во наредните години.

Кога пред малку кажавме дека се нудат три модели, не успеавме да нагласиме дека Тonale, како трет член од семејството Alfa, сè уште е недостапен за купување, што наскоро ќе се промени кога ќе почне да ја испорачува оваа помала (Stelvio) убавица со зголеменo растојанир (клиренс) од подлогата.

Жан-Филип Импарато, како шеф на Alfa Romeo, на која што позиција дојде откако беше извршен директор на Peugeot каде покажа одични резултати, вели дека проширувањето на портфолиото на брендот од Апенините ќе продолжи со промоција на нов голем седан, кој како таков може да стане новиот предводник на брендот.

Врз основа на развојот на настаните во Stellantis, и во целата индустрија на четири тркала, веруваме дека овој новитет ќе биде член на сегментот BEV.

Alfa Romeo има амбиција да продава само електрични возила почнувајќи од 2027 година, па менаџментот би можел и веројатно ќе се одлучи за електричната платформа развиена од групацијата за да направи нови иновации.

Тука би била соодветна архитектура наречена STLA Large.

Благодарение на поделбата на технологијата, не само што трошоците за развој на новитети ќе бидат помали, туку и големата лимузина побрзо ќе стигне до клиентите.

Според некои предвидувања се очекува дека тоа би требало да се случи во 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се продава теренска изведба на Rolls Royce, сопственост на кралот на Мароко

До крајот на годината и специјален BMW M модел

Видео Goodwood Festival of Speed 2022

McLaren P1 Spider Lanzante

Се продава Fiat Tipo што го возел легендарниот Најџел Менсел

Alfa Romeo Giulia Speciale лимитирано издание во 15 примероци

Се продава единствениот Jaguar XJS Shooting Brake

Polestar 5 на „Фестивалот на брзината во Гудвуд“

Се продава уникатен Heuliez Intruder