Се поголем отпор на забраната за бензинци и дизели во 2035 година

Пет земји од Европската унија се против забраната за продажба на нови автомобили и лесни комерцијални возила на фосилни горива во 2035 година.

Откако Германија рече дека нема да ја поддржи предложената забрана, сега ѝ се приклучија Италија, Португалија, Бугарија, Романија и Словачка. Овие земји предложија пореално сценарио, намалување на емисиите на CO2 од возилата за 90 отсто до 2035 година и целосна забрана само во 2040 година.

Овие земји, исто така, предложија поблаг третман за лесните комерцијални возила на фосилни горива. Според нивниот предлог, емисиите на CO2 треба да се намалат за 80 отсто до 2035 година, а за 100 отсто во 2040 година, пренесуваат агенциите.

Новата „ фосилна коалиција“ на ЕУ од пет земји смета дека целосната забрана на бензинот и дизелот бара транзициски период и дека ЕУ мора да ја земе предвид различната финансиска состојба на граѓаните во различни земји-членки. Многу од нив не можат да си дозволат скапи електрични автомобили.

Иако Европската комисија пред неколку недели гласаше за забраната, таа се уште не е на сила бидејќи таа одлука мора да биде потврдена од поединечни земји-членки. Избрана е 2035 година со цел да се постигнат нула емисии на CO2 во ЕУ до 2050 година. Имено, просечниот „животен век“ на еден автомобил е 15 години, а до 2050 година ЕУ би била исчистена од повеќето автомобили на бензин и дизел.

Од друга страна, повеќето производители на автомобили се за забраната. Така, Mercedes и Volkswagen неодамна објавија дека ја поддржуваат планираната забрана во 2035 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Formula1 објавен календарот за наредната сезона со рекордни 24 трки!

Porsche и Red Bull партнерство што нема да се случи

Испораките на електричниот камион Tesla Semi започнуваат кон крајот на годинава

Audi го потврди влегувањето во Formula 1

Nio отвора прва фабрика за електрични автомобили во Европа

Formula 1 од 2025 година со потполно одржливи горива

BYD станува „кошмар“ за Tesla и VW

Apple презема важен инженер од Lamborghini

Chevrolet Seeker Официјално