Се продава BMW M3 што бил во сопственост на Пол Вокер

Пол Вокер е актер кој трагично починал пред 7 години, а светската слава ја стекна благодарение на популарноста на филмската франшиза „Брз и бесен“ (Fast and Furious) во која играше улога на детектив и уличен тркач, Брајан Оконер…

Пол загина додека се возел, како совозач  во нов автомобил Porsche, на враќање од добротворна акција што тој ја организирал.

Неговата смрт ги шокираше многубројните негови обожаватели, затоа што Пол полека стануваше еден од најуспешните и најпопуларните млади актери.

Неговите најблиски велат дека не е случајно што тој глумел во филмови во кои во фокусот се  трките.

Тој ги обожаваше автомобилите и моторните возила и поседувал огромна колекција на автомобили што била сè за него во светот.

Еден од неговите автомобили сега е на аукција, а станува збор за модел BMW E30 M3 од 1991 година.

Автомобилот е неверојатно сочуван и во одлична кондиција со поминати само 21.320 км, што го прави буквално нов.

Бојата е освежена и автомобилот е целосно полиран, а ентериерот е непроменет.

Почетната цена на автомобилот е 150.000 американски долари, но се претпоставува дека ќе се продаде за многу повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Lexus IS ситно брои до глобалната премиера на новата гeнерација

10-те најпопуларни автомобили во Германија

Porsche Behind the scenes: Ново доживување за сопствениците на возил од  брендов

Првиот човек на Tesla ја доби првата исплата од oколу 800 милиони долари

Електричен Hercules Alpha

BMW M2 (2021): нов ултра-спортски дериват на баварскиот компактен тркач

Murray T.50 со премиера во Август

Видео: Ken Block дрифтува во монструмот со шест тркала на Ford

Nissan се враќа на голема врата со дузина нови модели!