Се продава еден од само 10-те Ferrari J50

Во декември 2016 година, Ferrari го претстави roadster моделот J50,со што ја одбележа 50-годишнината од своето присуство на јапонскиот пазар…

Атрактивниот и редок J50 е креација на центарот за специјални операции на Ferrari, а серијата беше ограничена на само 10 парчиња.

Сега, една од тие 10 единици е понудена на продажба, преку  Rosso Scuderia,  дилерот на Ferrari воТокио.

Основата за овој двосед беше Ferrari 488 Spider додека потрагата по инспирација се најде во моделите од седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век.

Меѓу другото, пакетот се состои од бројни елементи од јаглеродни влакна, како што се тркала од 20 инчи.

Го придвижува 3,9-литарски V8 мотор од Ferrari 488 Spider, со 20 КС повеќе (690 КС, со седум (7) степен менувач на брзини со двојна спојка).

Автомобилот е во боја Nero Daytona, со Grigio Corsa тркала и црна Алкантара во внатрешноста, а цената е 3,6 милиони американски долари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На еден пат во Холандија властите ги потикнуваат возачите да возат побрзо

Hyundai Casper во производство од 15 септември

Полициски дронови ловат сообраќајни прекршители во Полска

Land Rover работи на перформанс Defender

Три верзии на електричниот ID. Buzz „иконата се враќа на голема врата“

Tesla Систем на автономно возење месечината ја препознава како жолто светло на семафор

Pininfarina Batista во 128 милиони комбинации!

Обновена Lada Niva Bronto

Volkswagen Atlas Cross Sport GT Concept