Ferrari Enzo отсекогаш бил посебен автомобил, а што да се каже за примерокот потпишан од легендите на Ф1 тимот од Маранело, вклучувајќи го и седумкратниот шампион Михаел Шумахер (Michael Schumacher)….
Супер автомобилот Enzo е произведен во само 400 примероци, а во Велика Британија ги има 31, вклучувајќи го и оној што се нуди на продажба.
Овој Enzo е посебен и поради фактот што ги има потписите на Ф1 тимот на Ferrari од 2004 година.
Првиот сопственик на болидот бил познат колекционер кој специјално го нарачал болидот во 2004 година, а со оглед на блиската поврзаност со марката, бил во пријателски односи со директорите и вработените во фабриката и Ф1 тимот.
Затоа неговиот Enzo го потпишаа Михаел Шумахер, Рубенс Баричело (Rubens Barrichello), Лука Ди Монтеѕемоло (Luca Di Montezemolo), Жан Тод (Jean Todt), Рос Браун (Ross Brown) и Најџел Степни (Nigel Stepney).
Денес вредноста на Enzo е изразена во милиони европски банкноти, а цената е значително зголемена со споменатите потписи.
Колку чини овој примерок, потенцијалните купувачи можат да дознаат на барање.