Станува збор за Ferrari што го возел во времето кога со Manchester United се борел за титула во Премиер Лигата…
Тоа е времето на почетокот на милениумот, кога познатиот британски фудбалер беше дел од тимот кој ја освои Премиер лигата (Premier League).
Го возел додека не заминал во Real Madrid, каде кариерата ја продолжи во друштво на ѕвезди како Зинедин Зидан (Zinedine Zidane), Роналдо (Ronaldo ), тој Бразилскиот и Роберто Карлос (i Roberto Carlos).
Дејвид Бекам (David Beckham) уживаше во возењето Ferrari, а често беше фотографиран зад воланот.
Сепак, автомобилот до денес има акумулирано само 12.700 километри. Станува збор за црно Ferrari 360 Spider кое, судејќи според фотографиите и историјата на сервисот, е во беспрекорна состојба.
„Состојбата, километражата и историјата на А-листата го прават овој автомобил еден од посебните 360-ки“, рекол Мет Бирд (Matt Bird), уредник на списанието PistonHeads, кое го објави огласот за овој супер спортски автомобил.
„Дури и оние кои не се толку заинтересирани за фудбалот и едноставно бараат да имаат една од најдобрите креации на четири тркала направени во Модена, тешко дека ќе најдат подобар примерок од овој модел.
А за оние кои се фудбалски фанови, може само да замислиме каква приказна ќе треба да раскажете кога некој ќе ги праша за нивното Ferrari!?“
Придвижуван од познатиот 3,6 V8 мотор со 400 КС, овој супер спортски автомобил е опремен со шестстепен автоматски менувач F1 Graziano. Произведени се вкупно 7.565 Spider изведби.
Од 0 до 100 km/h стигнувал за 4,9 секунди, а постигнувал максимална брзина од 295 km/h, а веројатно и денес ги има истите перформанси.
Ferrari 360 Spider денес може да се најде на пазарот во Велика Британија за околу 60.000 британски фунти.
Овој пример, од очигледни причини, е значително поскап и е со цена од 110.000 фунти.