Се продава Jaguar XK120 Roadster што бил сопственост на Клерк Гебел

Се верува дека Клерк Гебел, познатата актерска икона од Холивуд, бил сопственик на три модли XK120, вклучувајќи и еден од првите увезени во САД, што како нов го купил во International Motors, во Холивуд…

На аукцијата организирана од познатата куќа Bring A Trailer’ се продава отворен спортски автомобил со две седишта легендарниот модел Jaguar XK120 од 1952 година, што бил сопственост не исто така легендарниот актер Клерк Гебел.

Без временската класика на тркала  тогашната холивудска филмска икона го купила и веднаш го дала на модификација на компанијата Barris Kustom. Каросеријата е во златна боја – Barris Gold, a внатрешноста на кокпитот и седиштата се обложени со црвена кожа.

Има посебно до-работено потпирање, покриени задни тркала и Carson тврд покрив.

Автомобилот во 2010 година, во еден склад, го пронашол колекционер од Чикаго, кој по тоа нарачал реставрација кај Jim Kakuskа од компанијата JK Restorations.

Во однос на погонската единица, тоа е оригиналниот бензинец, со работен волумен од  3,4 литри,  DOHC со шест цилиндри во еден ред. Моторот е во комбинација со рачен менувач со четири степени на пренос на силата. Автомобилот е прикажан на Pebble Beach Concours d’Elegance во 2017 година, на Greenwich Concours во 2019-та, како и на Amelia Island Concours во 2019 година и во оваа 2020та.

Овој XK120 open-top speedster сега го нуди трговец со автомобили со сертификат на Jaguar Heritage Trusta, со сет на алат, опремен багажник, фото албум, документација од Џорџ Барис и регистрација од Њујорк што може да се пренесе на друго лице.

Централно поставената инструмент плоча на Smiths вклучува покажувач на брзина со ознака до 140 mph и во обратна насока од насоката на движење на стрелките на часовниот покажувач на бројот на вртежите до 6000 в./мин со вметнат часовник.

На покажувачот на изминатите километри стои испишано 18.000 км, од кои околу 100 додал трговецот.

Во сертификатот Jaguar Daimler Heritage Trust може да се прочита дека автомобилот ја напуштил фабриката на 23 август 1952 година, a го дистрибуирал  Hornburg, од Лос Анџелес, во Калифорнија.

Почетната цена изнесува 135.000 американски долари, a дали на рајот овој прекрасен колекционерски примерок, со богата историја, ќе биде продаден и по која цена ќе дознаеме на 10-ти април.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan се враќа на голема врата со дузина нови модели!

Ford ги издвојува Bronco и Mustang како посебни марки!

Кои модели на Lada најмногу се исплатливи за првиот сопственик

Mercedes-Benz S-Class (W223) дефинитивно пристигнува есенва!

Lotus Evija во финална фаза !

Škoda тротинет- го собира на местото за резервно тркало

Fiat планира ривал на Nissan Qashqai а се враќа и Fiat Punto

Porsche e „dream car” на повеќето, потврдила анкетата!

Како би можел да изгледа спортскиот модел на Dyson!?…