Иако, на прв поглед изгледа нереално, Lamborghini Gallardo наменет за off-road терени навистина постои…
Навистина нема многу информации за овој специфичен автомобил, но се знае дека се наоѓа во Уден – Холандија.
Произведен е во 2004 година , со каросерија во мат сива боја и внатрешност во црна боја.
Поминал околу 43.619 km, поседува сервисна книшка, a сопственикот за својот чуден спортски миленик на четири тркала бара само 115.000 европски банкноти.
Автомобилот е дополнително кренат од подлогата, a добил и дополнително осветлување поставено над ветробранското стакло, во стил на вистинските „теренски возила“
Резервното тркало е сместено на капакот на моторот…
Тука се и тркалезните светла позиционирани во долниот дел на предната маска, a забележителни се и проширувањата кај калниците.
Засега не е познато дали има направено некои преработки и на агрегатот. Инаку, Lamborghini Gallardo би требало да има инсталиран бензински агрегат со 10 цилиндри, поставени во форма на латинската буква V, што испорачува моќ од 493 KS.