Кралот може да си дозволи што и да падне на памет, без разлика колку бизарно може да звучи, а токму овој Rolls-Royce претставен во приказнава е одличен пример за тоа…
Луксузната креација со намена за off road возење ја купил мароканскиот крал Хасан II (Hassan II).
Имено на кралот не му било доволно во својот возен парк да има обичен Rolls-Royce Camargue од 1977 година, па поради тоа тој побарал истиот да биде модифициран.
Работата ја направиле експертите од работилницата Sbarro, што значи дека се работи за обемна модификација, пишуваат светските агенции, а пренесуваат специјализираните портали.
Имено, мароканскиот крал сакал да се занимава со лов, а особено со соколарство.
За да може да оди на лов, му бил потребен соодветен автомобил, а за тоа се погрижил познатиот изработувач на каросерии од Швајцарија кој од елегантна лимузина направил робустен теренец.
За почеток ја подигнал суспензијата и поставил теренски гуми, а потоа го „обезглавил“ возилото што не вклучувало само отстранување на покривот, туку и на ветробранското стакло.
Сега оваа луксузна креација е подвижна како воен Jeep Willys, а по пат се отстранета и вратите
Зад задните седишта има хромирана заграда која служи и за сместување на соколот.
Издувниот систем сега е страничен, но судејќи според описот, 6,75-литарскиот мотор не е допрен.
Истиот сè уште испорачува моќ од 212 КС.
Стандардната верзија на Rolls Royce Camargue чинела, во тоа време, околу 30.000 британски фунти, што би било еквивалентно на околу 200.000 фунти денес.
Оваа преработка се продава по иста цена како и пред неколку години – за 248.000 евра.
Целосниот опис на овој преработен луксузен автомобилот можете да го погледнете на Autoscout24.de.