Во 1996 година, Heuliez произведе бизарен и уникатен SUV базиран на Mercedes G320, кој сега е достапен за продажба…
Иако е базиран на во форма на „кутија“ теренец на Mercedes, овој Heuliez Intruder е сосема поинаков од G- Class благодарение на својот елегантен и спортски дизајн со преклопен метален покрив.
Ова е единствениот пример на Intruder со метален преклопен покрив, додека серискиот модел кој следеше, произведен во само пет примероци, имаше тврд покрив.
Автомобилот првично беше обоен во сребрена боја, но потоа беше обоен во бело, потоа во црвено, а сега повторно е сребрен.
Во огласот за продажбата стои дека е детално реставриран и дека процесот чинел 280.000 евра, а продажната цена е пониска и изнесува 204.995 евра.
Intruder е базиран на платформата од G – Class и е придвижуван од 3,2-литарски 6-цилиндричен мотор поврзан со четири степен мануелен менувач и погон на сите тркала.
Задржани се и диференцијалите за заклучување на диференцијалот од G320, а теренецот доби комплет големи гуми за сите терени (all terrain).