За следната моделска (2023) година, овој автомобил ќе биде достапен само како модел со пет врати…
Во последно време стана вообичаено автомобилите од В-сегментот да се продаваат само во верзијата со пет врати, а еден од ретките исклучоци (заедно со спортската Toyota GR Yaris) е Ford Fiesta.
Сепак, и овде е најавен крајот за верзијата со три врати.
Automotive News Europe беше првиот што напиша за крајот на Fiesta со три врати (последно ажуриран во септември минатата 2021 година).
Со оглед на зголемената инвестиција во електро – мобилноста, Ford размислува каде може да се заштедат трошоците.
Во меѓувреме, Ford од Германија го потврди заминувањето на Fiesta со три врати.
Во веста се наведува дека Ford ја поедноставува и стеснува понудата.
Целта е понудата да се прилагоди на барањата на клиентите – соодветно, помалку популарната варијанта на каросеријата ( со три врати) ќе биде отстранета од програмата.
Сè уште не е јасно кога точно ќе започне новата моделска година поради моменталниот недостиг на суровини со кој во актуелниот момент се бори целата автомобилска индустрија.