Се враќа LADA Niva – АвтоВАЗ го откупи учеството на GM!

Производителот на автомобили од Русија – AvtoVAZ потпиша договор со General Motors за откуп на 50 процентното учество на американскиот концерн во заедничката фирма GM-AVTOVAZ Togliatti што од 2002 година го произведува „теренецот“ Chevrolet Niva, пренесува Reuters…

Досегашната joint-venture компанија ќе стане целосна сопственост на AvtoVAZ Групата.

Како и да е двете страни не ги откриваат деталите во врска со финасиите на трансакцијата.

Според договорот, фабриката во сопственост на заедничкото претпријатие ќе продолжи извесно време да произведува и да продава „теренецот“ Niva со значка на Chevrolet, a во иднина моделот ќе се прави под значката на Lada.

Тоа значи дека на пазарот се враќа легендарното име Lada Niva!

Едно мало потсетување: Chevrolet Nivа е развиен од страна на AvtoVAZ како замена за кај нас познатата Ladа Nivа.

Финансиската криза во Русија во 1998 година не дозволи AvtoVAZ самостојно да го заврши развојот и да го произведува новиот модел па во 2002 година е  формирана заедничка компанија со General Motors.

Еден од деталите на договорот за соработка на најголемите руски и американски производители на автомобили било правото на новата фирма да го користи легендарното име Niva, дотогашната  “владетелка на тајгите“ кј нас позната како Lada Niva, е преименувана во Ladа 4×4.

Инаку, Chevrolet Niva е многу популарен во Русија и во земјите на поранешниот  СССР бидејќи ги задржа врвните off-road карактеристики од оригиналната Nivа, a понуди поубава оптика и значително подобро однесување на асфалтните патишта.

Автомобилот долг 4,048 метри во најголема мерка ја презел технологијата од Nivа (Lada 4×4): со бензински мотор со четири цилиндри, со работен волумен од 1,7-литри со моќ од 80 KS и со пренос на силата на сите четири тркала, а дел од погонскиот систем е централната блокада на диференцијалот.

Основната верзија во Русија се продавала по цена од 687 илјади руски рубљи ( околу 9.750 евра).

Оваа спогодба помеѓу AvtoVAZ и General Motors не би требало да донесе никакви промени за вработените, исто како и во однос на актуелните договори помеѓу производителите и снабдувачите со делови односно застапниците, што остануваат непроменети, барем во рамките на овој преоден период.

„ Благодарен сум им на нашите партнери од GM  на 18 години плодната соработка. Според договорот AvtoVAZ во својата понуда ќе добие втор класичен “теренец“. Имено Niva ќе ја надополнува легендарната Ladа 4×4 и ќе го поткрепи понатамошниот развој на AvtoVAZ.

Едновремено ако се гледа, производните процеси на заедничкото вложување се длабоко поврзани со главните седишта на AvtoVAZ во Тољати (Togliatti). Срдечно ги поздравувам сите вработени во GM-AVTOVAZ, кои сега стануваат дел од групата AvtoVAZ”, рекол помеѓу другото Ив Каракачанис (Yves Karakatzanis), претседател и воедно извршен директор на компанијата AvtoVAZ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште еден познат автомобил исчезнува од пазарот во САД!

Toyota Corolla – Најпродаван автомобил во првата половина на 2020 година

Шефот на РЅА Opel од идната година ќе носи профит

Golf се врати на врвот на Европа!

SEMA сепак го откажа настанот за 2020 година

Продажбата на Lada го достигна нивото пред кризата и продолжува да расте!

Во Франција расправа за локацијата каде ќе се прави електричната Dacia

Нов шеф на Škoda Auto

Audi подготвува за пензија повеќе модели меѓу кои и R8 и TT