Seat без електричен Leon, со основана причина ?!

Чудно, или можеби не, но новата генерација на Seat Leon ќе продолжи да се нуди со различни погони, од конвенционалните бензински и дизел мотори до CNG и plug-in хибриди, но не и со целосно електричен модел, наспроти фаворизирањето на електричните модели во целата Групација VW чиј дел е и Seat….

На прв поглед одлуката на Seat е изненадување за многумина, особено ако се земе предвид  како што кажавме во поднасловот електричната офанзива на Volkswagen групацијата.

Но, проблемот е во тоа што Leon е базиран на MQB платформата, како и последната генерација на Golf, Audi A3 и Škoda Octavia, и е дизајниран за поддршка главно на мотори со внатрешно согорување.

За електричните возила, Volkswagen групацијата ја користи MEB архитектурата.

Шефот на комуникации на компанијата, Карлос де Луис, потврди дека целосно електрична верзија на новиот Leon нема да се случи.

Функционерот на Seat истакна на презентацијата на автомобилот во Шпанија дека новите електрични возила на VW групацијата се базирани на MEB платформата и го истакна фактот дека шпанскиот бренд веќе има автомобил со нула емисија на штетни гасови, а тоа е Mii Electric.

Покрај тоа, тој истакна дека уште еден таков модел би можел да пристигне наскоро, а според претпоставките, би можело да станува збор за верзија на Seat од Cupra el-Born, кој практично е поагилен и поспортски VW ID.3 со поинаква каросерија.

Спецификациите за овој нов hot hatchback засега се непознати, но она што се знае е дека има електричен мотор кој ги придвижува задните тркала и дека од нула до 50 км/ч забрзува за само 2,9 секунди.

Автомобилот има батерија со капацитет на моќност од 77 kWh што, пак,  овозможува автономија од околу 500 км.

Поддржува брзо полнење, а за половина час полнење на брз полнач  овозможува досег од 260 км.

Според претпоставките, Seat el-Born би требало да биде помалку агилен, иако автономијата би требало да остане во наведениве рамки.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ford ги запре испораките на Kugа PHEV поради опасност од самозапалување!

Mitsubishi од септември ги запира испораките на SUV возила во Европа

Уште еден познат автомобил исчезнува од пазарот во САД!

Toyota Corolla – Најпродаван автомобил во првата половина на 2020 година

Шефот на РЅА Opel од идната година ќе носи профит

Golf се врати на врвот на Европа!

SEMA сепак го откажа настанот за 2020 година

Продажбата на Lada го достигна нивото пред кризата и продолжува да расте!

Во Франција расправа за локацијата каде ќе се прави електричната Dacia