SEAT e Scooter дел од стратегијата за мобилност на Шпанците!

Како што беше најавено на почетокот на месецов (ноември), Seat денес, на саемот Smart City Expo World во Барселона и официјално го претстави својот електричеен скутер што гордо го нарекоа e-Scooter…

Од Seat е потврдено дека со продажбата на електричниот скутер ќе стартуваат наредната 2020 година, со најава дека  e-Scooter ќе биде наменет како на приватни клиенти, така и на  сервисите за споделување, но во моментот не излегуваат со неговата цена.

Треба да се потенцира дека Seat оваа креација на две тркала со погон на струја ја разви во соработка со производителот на електрични мотоцикли Silence, при што e-Scooter е и дел од стратегијата за микро мобилноста на Seat што помеѓу другото го вклучува и претставениот Minimo concept.

Инаку, Seat e-Scooter располага со максимална моќ од 11 kW/15KS, а може да „потегне“ до максимална брзина од 100 km/h, додека пак од 0 до 50 km/h забрзува за 3,8 секунди.

Неговата автономија на возење со едно полнење н батериите изнесува до 115 km.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Освојувачка експедиција од Кина- I WAYS пристига на салонот во Женева 2020!

Новиот MItsubishi Space Star достапен и во Македонија за само 8.880 евра

Isuzu Anadolu со награда за Аутомакедонија за најдобар дистрибутер

Cruise Origin – електричен мини бус без волан!

Од Opel за годинава најавуваат и нова Mokka

Производната верзија на Lucid Air на салнот во Њујорк

Новиот Toyota Land Cruizer пристига наредната 2021

Снимен нов Renault concept

Новиот VW GTI без маска- „ѕирнат“ од задната страна!