Seat оди во премиум лига, а Škoda треба да биде буџетски бренд!?

Групата Volkswagen има намера дополнително, помеѓу себе, да ги дистанцира брендовите Škoda и Seat…

Целта на автомобилскиот гигант од Германија е од Seat да направи полуксузен бренд, додека пак, производителот од Чешка – Škoda, ќе остане ривал на моделите од компаниите Hyundai, Kia и Dacia.

Со еден збор Volkswagen ќе по позиционира SEAT повисоко на пазарот, а Škoda ќе ја спуши пониско!

Всушност Чесите би требало да бидат маркасо пристапни, ценовно, модели , но малку е тешко да се поверува во тоа бидејќи кармејкерот од Мала Болеслав веќе нуди автомобили со квалитет на Volkswagen!

Тоа значи дека моделите на компанијата Seat би можеле да станат уште поскапи и подобро опремени, па дури и повеќе од моделите на компанијата сопственик Volkswagen.

Како што е наведено во информацијата на тој начин моделите на Seat би станале директни конкуренти на моделите на  Alfa Romeo, бренс што е во сопственост на Групацијата  FCA (Fiat Chrysler Automobiles).

Нешто слично посакувал и поранешниот шеф на компанијата Volkswagen, Фердинад Пих (Ferdinand Pijeh).

„ Сакаме да ги појасниме идентитетите на нашите брендови во иднина“, изјавил, помеѓу другото Мајкл Јост еден од челниците во компанијата Volkswagen, во појаснувањето на информацијава.

„ Така Seat би можел да произведува автомобили што будат посилни емоции, што ќе бидат предводени од моделите што ќе ја носат ознаката на шпанскиот под бренд –  Cupra.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Audi TT со средишно вграден мотор!

Krugger FD- уникатен ретро автомобил со модерн стил и 760 КС

Парламентот во Германија пресече на Autobahn и натаму без лимит на брзина

Најавен Morris JE – електрично комерцијално возило

Од Waymo најавија автономно возила без контролен возач!

Пристигнува Porsche што лета!

Renault со конкурент на Tesla и VW

И Punto би заживеал повторно ако Fiat се здружи со Renault

Peugeot потврди pick -up камионет !