Seat со под-бренд Mo за електрични скутери и тротинети

Производителот на автомобили од Иберискиот полуостров го претстави новиот бренд што ќе биде задолжен за урбаната мобилност, а го носи името Seat Mo…

Компанијата Seat одржа промоција на новите производи на компанијата Seat што  ќе се произведуваат во рамките на новиот под – бренд Seat Mo.

Како што велат од Seat , новиот бренд е „двигател на стратегијата за урбана мобилност која е фокусирана на производите и услугите од микро мобилноста“. Во превод, станува збор за линија на електрични скутери и тротинети, се популарното индивидуално градско превозно средство особено во големите градови со претрупани со возила сообраќајници.

Првите модели кои ќе ги понуди Seat Mo се скутерот eScooter 125 и тротинетот eKickScooter 65.

Станува збор за целосно електрични превозни средства.

Така, Seat Mo eScooter 125 е целосно електричен мотоцикл дизајниран да ја направи урбаната мобилност полесна.

Комбинира електричен мотор со 12 КС интегриран на задното тркало и 5,6 kWh батерија за да обезбеди автономија на движење со едно полнење од 125 км.

Еквивалент на мотоциклите со 125 „кубни сантиметри “, eScooter 125 е наменет за приватна употреба, но и за системот на делење на превозни средства. Електричниот мотор испорачува 240 Nm вртежен момент, доволно за максимална брзина од 95 км/ч.

Интересно, 5,6 kWh батеријата може целосно да се отстрани и да се вклучи на полнење во домашни услови, а може да биде полнета и додека е на самиот мотоцикл.

Системот е наменет со цел купувачите да можат едноставно да ги менуваат батериите (со резервна) и да не мораат да чекаат полнење секој пат.

Електричниот мотоцикл пристигнува со неколку режими на возење (City, Sport и Eco), како и брзина за рикверц со цел да се направи маневрирањето полесно.

Заедно со eScooter 125, новиот Seat Mo бренд исто така го претстави и eKickScooter 65 продукцискиот модел.

Тоа превозно средство, како што кажува самото име, има автономија на движење од 65 км  со полна батерија. Ова е овозможено од 551 Wh батеријата. Батеријата го напојува 350 W електричен мотор, а максималната брзина е ограничена на 20 км/ч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Urban Aero го најави CityHawk, хидрогенскиот летечки автомобил

Jeep Gladiator сега достапен и со дизел мотор

Пневматиците за 20%ја зголемија автономијата на EV

Mercedes го откри ентериерот со пет екрани за новата S класа

FCA најави офанзива на mild hybrid мотори

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч

Корона вирусот ќе влиjае на сите идни автомобили

Мотоциклите на BMW со адаптивен темпомат

NEVS го претстави Sango автономното возило како дел од PONS