Себастијан Фетел возел тркачки автомобил Aston Martin ТТ1 стар еден век

Германскиот Формула 1 возач Себастијан Фетел го возеше тркачкиот автомобил на Aston Martin стар 100 години.

Фетел е актуелен член на Aston Martin F1 тимот, а доби можност да го вози вековниот тркачки автомобил ТТ1 на патеката Пол Рикар (Paul Ricard) во Франција, каде викендов се одржува Формула 1 трката.

Себастијан Фетел (Sebastian Vettel ) го возеше TT1 како дел од прославата на 100-годишнината на автомобилот и уживаше во „брз круг“.

Овој автомобил го придвижува 1,5-литарски мотор кој развива 55 КС, а самото возило тежи само 750 килограми, што значи дека TT1 е за 45 килограми полесен од актуелниот Aston Martin F1 автомобил AMR22.

Во времето кога TT1 се користеше за трки, тркачките автомобили имаа две седишта, едно за возачот и едно за механичарот.

Задачата на механичарот била да го одржува притисокот во системот за гориво со помош на рачна пумпа и да ги поправи проблемите што може да се појават за време на трката.

ТТ1 беше многу „попрактичен“ од актуелниот Формула 1 болид, но и побавен со максимална брзина од 137 km/h.

Своето деби го имаше на Француското ГП на 16 јули 1922 година, управувано од тогаш младиот гроф Луис Зборовски (Count Louis Zborowski), откако инвестираше 10.000 фунти во развојот на нов мотор со четири цилиндри.

Неуспехот на моторот го принуди Зборовски да се повлече од трката по 19 круга, а победата му припадна на Феличе Назаро (Felice Nazzar)о кој возел  FIAT 804.

На подиумот во тоа време биле Пјер де Вискаја (Pierre de Vizcaya) и Пјер Марко (Pierre Marco), возејќи Bugatti Т30. Вториот Aston Martin ТТ2, го возеl Клајв Галоп (Clive Gallop ) , но и тој исто така се повлекол од трката поради проблеми со моторот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Škoda  Enyaq iV кампер

ELegend EL1 и EL2 ќе бидат инспирирани од легендарни спортски автомобили

Tркачки Maserati MC20 GT2

Како е создаден светски препознатливиот архитектонски симбол на Минхен?

Конфискуван Ferrari 458 Italia во чешката полициска флота

Lamborghini Huracan Sterrato

Hopium Machina Vision

Toyota GR86 10th Anniversary Limited

Citroen C3 Aircross Rip Curl