Себастијан Леб ја потврди шампионската класа

По заслужениот ден за одмор, релито Дакар 2022 продолжи со седмата етапа од Ријад до Ал Давадими, на која имаше дури 402 километри специјални испити како и секогаш и овој пат изобилуваше со возбудувања а не изостанаа ни изненандувањата…

Иако ден пред паузата имаше свој дел, пред се навигација, проблеми и го загуби второто место во генералниот пласман, Себастиен Леб (Sebastien Loeb) и неговиот совозач Луркин (Lurquin) возвратија и покажаа дека со право се во групата на фаворити.

Тој дојде до својата втора победа на овогодинешниот Дакар, во автомобил Hunter за тимот BRX.

Иако се врати на второто место во рангирањето, сепак Леб е далеку зад лидерот. Насер Ал-Атија  (Nasser Al-Attyah) заостануваше 5′:26′ и се уште го следи натпреварувањето од пристојни 45 минути предност пред најблиските конкуренти.

Седмата етапа го потврди она што веќе можеше да се види, иако оваа година нема да доведе до титулата – Audi RS Q e-tron е брз, многу брз.

Повторно, сите тројца натпреварувачи екипи се пласираа меѓу првите 10 на сцената со долг посебен испит.

Карлос Саинц (Carlos Sinz) го зазеде третото место со заостанување од 7′:43”, следен од Стефан Петерхансел (Stephane Peterhansel) со 9′:40” зад победникот, а Матијас Екстром (Mattias Extrom)  заврши на осмото место со заостанување од 14′:12” зад Леб.

Колку што многумина се скептични за електричниот погон што го користи RS Q e-tron, сите проблеми што возачите ги имале досега, а кои ги држеа надвор од борбата за висок пласман, немаат врска со погонот, туку со другите механички компоненти. како што се суспензијата и амортизерите што на неколку пати пукна.

Audi Dakar Rally 2022 целата сезона ја користи за тестирање и развој на автомобили, па веќе е јасно дека во сезоната 2023 ќе биде сосема поинаква приказна.

 

Поз.   Бр                Возач/Совозач                 Тим                        Време/заост.

 

1        201          (Qat) Nasser Al-Attiyah

(And) Matthieu Baumel      Toyota Gazoo Racing        23h 52′ 22”

2        211          (Fra) Sebastien Loeb

(Bel) Fabian Lurquin          Bqhrqin Raid Xtreme         24h 37′ 21”

+ 00h 44′ 59”

3        205     (Sau) Yazeed Al Rajhi

(Gbr) Michael Orr              Overdrive Toyota               24h 45′ 53”

+ 00h 53′ 31”

 

Кај мотоциклистите најрасположен за продолжување на Дакар беше Хозе Игнасио Корнехо Флоримо (Jose Ignacio Cornejo Florimo), фабричкиот возач на Honda,.

Тој зад себе го остави Кевин Беневидес (Kevin Benavides) од фабричкиот тим на КТК кој доцнеше само 44 секунди, а со заостаток од 2′:51” Хуан Бареда Борта (Јoan Barredа Borta), заврши на третото место. До паузата, водечки во генералниот пласман, Сем Сандерленд (Sam Sunderlanad) заврши на 28. место на неговиот фабрички мотоцикл Gas Gas со голема разлика од 25′:55”.

Во генералниот пласман на мотоциклистите има значителни промени.

Во водство е Французинот Адриен Ван Беверен (Adrien Van Beveren), фабрички возач на Yamaha, втор е Австриецот Матијас Вокнер (Matthias Walkner) од фабричкиот тим на КТМ, а на третото место е Кевин Бенавидес (Kevin Benavides) исто така во КТМ, додека Судерленд падна на четвртото место. Интересно е што Ван Беверен има релативно опиплива предност од 5′:12” во однос на второпласираниот Вокнер, но Австриецот, Бенавидес и Сандерленд се во временска рамка од една минута, така што трката е целосно отворена.

Покра тоа победникот од првата и шестата етапа возачот на Gas Gas, Даниел Сандерс денеска требаше да стартува како прв, но не се појави на стартот.

Се испостави дека паднал на делницата за поврзување, го повредил рамото и завршил во болница, а со тоа и настапот на Дакар 2022 година, што значи дека тимот на Gas Gas спаднал на само еден возач, Сандерленд.

 

Поз.   Бр                Возач                               Тим                                            Време/заост.

 

1        42      (Fra) Adrien Van Bevwren Monster Energy Yamaha              23h 45′ 02”

2        52      (Aut) Matthias Walkner      Red Bull KTM Fac. Racing          23h 50′ 14”

+ 00h 05′ 12”

3        1        (Arg) Kevin Benavides       Red Bull KTM Fac, Racing             23h 50′ 25”

+ 00h 05′ 23”

 

Антон Шибалов победи во седмата етапа за Kamaz – Maser кај „камионџиите“, неговиот тимски колега Едуард Николаев го освои второто место

На третото место за првпат се позиционира тимот што не е Kamaz Master – односно трет заврши Мартин ван Ден Бринк (Martn van Den Brink) во Iveco, кој вози за тимот на Mammoet Rallysport Тeam de Roy.

Во генералниот пласман води Дмитриј Сотников со предност од 5′:14” пред Николаев.

Возбудите продолжуваат, помина повеќе од половина од годинешното издание на Dakar Rally но иако фаворитите се издвојуваат победникот нама да се знае до последниот ден.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Победничкиот болид на Шумахер Ferrari F300 на аукција

Новата генерација на Ford Mustang пристигнува следниот месец!

Stellantis ја раскинува „дружбата„ со кинескиот партнер GAC

Продажбата на VW Group во драстичен пад во однос на минатата година

Трет триумф на Марко Блажевски во Twingo Cup

Honda размислува за враќање во F1

Нов тркачки викенд на Twingo Cup на Гробник со рекорден број возачи

Наспроти сите други производители Dacia со раст на продажбата во првото полугодие

Цените на горивата продолжуваат да одат „горе – долу“