Segway Apex H2

Компанијата Seqway е познат по своите „чудни“ возила за персонален транспорт, а неговиот најнов производ е многу интересен…

Станува збор за футуристички мотоцикл наречен Apex H2, кој е како мотор од филмови со научна фантастика.

Мотоциклот има мало ветробранско стакло, тенок фар и големи тркала кои изгледаат како да лебдат благодарение на swingarm осцилирачка вилушка.

Мотоциклот има едноставна каросерија со лесен пристап до одделот во кој се наоѓаат резервоарите за водород, кои користат горивни ќелии за производство на електрична енергија наменета за електромоторот на мотоциклот.

Малку е познато за погонскиот систем, но Segway вели дека моторот ќе развива 80 КС и ќе му овозможи на Apex H2 да достигне забрзување од 0 до 100 км/ч за помалку од четири секунди.

Максималната брзина ќе биде 150 км/ч.

Иако изгледа како концепт, мотоциклот ќе се појави на пазарот во 2023 година. Основната цена ќе биде 9.014 евра, што не звучи лошо.

Од друга страна, интересно е што Segway ќе користи погон на водород затоа што е покомплексен и потежок, а исто така треба да имате предвид дека станицата за полнење нема многу.

Сепак, резервоарите може да помогнат во надминување на овој проблем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричен концепт мотоцикл – Husqvarna E-Pilen

Untitled Motorcycles претставува електричен мотоцикл од новата ера

BMW F900 Force

За помалку од еден час распродадени сите 500 примероци на KTM 1290 Super Duke RR

MV Agusta ја претстави новата Superveloce S линија

BMW CE 04

Електричен концепт што прочистува воздух за време на возењето- Aether

Електричен Triumph TE-1

Harley Davidson стартува со производство на Pan America моделот