SEMA сепак го откажа настанот за 2020 година

И покрај инсистирањето дека ќе се одржи годинешниот настан без оглед на се, од SEMA одлучија сепак, од здравствени причини, да го откажат годинешното издани…

Потег кој можеби е неочекуван за многумина, бидејќи до последен момент  се тврдеше дека SEMA ќе се одржи. Но, денеска организаторот на настанот најави дека ја откажува манифестацијата предвиден за 2020 година во Лас Вегас.

Претседателот и извршен директор на SEMA, Крис Керстиг во соопштението истакна: „Додека организаторите на настаните и членовите на индустријата работеа неуморно за да се направи беспрекорен SEMA настан во ноември, растечката неизвесност направи настанот да биде непрепорачлив за одржување“.

Ова навистина е драстична промена на плановите, ако се знае дека SEMA упорно убедуваше дека ќе се одржи настанот во ноември според планираното, со присуство на посетители и изложувачи.

Поголем број постови на социјалните мрежи и видеа од страна на асоцијацијата индицираа дека настанот во 2020 ќе се одржи и покрај тоа што помалите настани како CES се насочија кон дигиталниот формат.

Покрај тоа SEMA состави детален безбедносен план, кој вклучуваше проверка на телесната температура и носење на заштитни маски, истакнувајќи дека Конвенција центар во Лас Вегас ќе биде безбедно место да пречека десетици илјади посетители.

Сепак, Лас Вегас во последниот период бележи значителен раст на нови заболени од Covid-19 по отворањето на хотелите и казината пред неколку недели.

Според новите бројки, областа во која се наоѓа градот има 52.000 потврдени случаи, со 800 до 1.000 нови случаи на дневно ниво.

Во секој случај, од SEMA не истакнуваат ниту една конкретна причина за откажување на настанот, но во соопштението се споменува неодамнешна анкета меѓу изложувачите, што најверојатно е неповолна за самите организаторите.

Од асоцијацијата истакнуваат дека дигиталното искуство се уште е опција за SEMA.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првиот човек на Cupra е нов шеф во Seat

В. Британија ќе им каже збогум на возилата со внатрешно согорување

Со изедначување на акцизата на екстра лесното гориво доби и животната средина и граѓаните

Салонот за автомобили во Детроит повторно одложен – за есента 2021

Нови камиони на сребрената ѕвезда  Actros F и Edition2

Уште една потврда дека времето на Автомобилски магазини е минато!

Нов скандал во светот на мобилноста-Nikola обвинет за измама!

ЕУ дополнително ги заостри нормите за CO2 емисиите

Колку чини новата S Class на домицилниот пазар