Сензација – Неверојатно Sony направи електричен автомобил, Sony Vision-S!

Кога станува збор за компанијата Sony,  главно се поврзува со технологија, со TV уреди, Vaio лаптопи и PlayStation конзолите, но технолошкиот и електронсиот гигант од Токио на годинешниот Consumer Electronic Showu во Лас Вегас подготви големо изненадување – го претстави својот електричен автомобил  Vision-S…

Имено, Vision-S e електричен автомобил со елегантен дизајн што има напреден систем а автономно возење.

Моделот со својот лик потсетува на Porsche Taycan и Lucid Air, a креиран е пред се со цел  Sony да ги демонстрира своите можности на полето на технологијата на автономно возење за автомобили.

Инаку, Vision-S e произведен во соработка со компаниите Nvidia, Continental, Bosch, ZF и Qualcomm, располага со 33 сензори што детектираат луѓе и предмети не само вон автомобилот, туку и во него.

Назад се индивидуални седишта, a автомобилот добил и голем панорамски покрив .

Од Sony не ги откриваат техничките спецификации на автомобилот, но соопштија дека го задвижуваат два електромотори што развиваат моќ од вкупно  268 KS и му овозможуваат забрзување од 0 до 100 km/h за 4,8 секунди и максимална брзина од 240 km/h.

На арматурната плоча има екрани помеѓу кои се и тие во аглите што покажуваат тоа што го снимаат камерите што ги заменуваат страничните ретровизори.

Од Sony велат дека Vision-S е опремен со 360 Reality Audio систем што овозможува совршен звук, a некои звучници се интегрирани и во седиштата.

Компанијата од Јапонија во развој на платформата на електричниот автомобил  соработувала и со Magna Steyr.

Дали Vision-S од концепт ќе прерасне во производен- сериски модел, за сеге е непознато.

Сепак, гејмерите ќе можат да го имаат во својот виртуелен свет во играта Gran Turismo Sport.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Auto Bild го најави Audi Q5 Sportback

Колективна акција против  VW за обештетување милиони Европејци погодени од Dieselgate

Покрај многу новитети Palexpo 2020 изненадува со тркачка патека во хала!

Електричен Fiat Spider 124 за 140.000 долари

Volkswagen ID.4 дебитира во април на салонот за автомобили во Њујорк

Лажен Ferrari поскаш од оригинлен, нов!

Годинава се очекува промоциј на нови BMW M3 и BMW М4

Renault на годинешниот Rally Dakar настапи и со хибриден камион!

И возилата може да се одбранат од хулигани докажа Тesla Model 3„