Сензација-Пристигнувањето на VW Golf 8 генерација одложено за март 2020-та!?

Првично беше најавуван за салонт за автомобили во Женева, кој е во тек, па потоа неговата глобална промоција е префрлена за септември за салонот во Франкфурт, но новио Volkswagen Golf VIII ниту таму нама да биде изложен под светлото на рефлекторите!

Медиумите во Германија пишуваат за низа на технички проблеми што испливале на површината при тестирањата во реални услови.

 

Се повикуваат на извори блиски до Волфсбург (Wolfsburg). Сепак, челниците на компанијата издадоа официјално соопштение во кое се тврди дека техничките проблеми не се причина за доцнењето и дека премиерата на Golf осма генерација нема да се одржи во септември тековната 2019 година, на салонот во Франкфурт поради други причини!.

Имено Golf VII и во седмата година на пазарот се продава изненадувачки добро а бидејќи купувачите и натаму бараат дизели, одлучено било веднаш да се прилагодат кон нормата Euro 6d, која ќе стапи на сила во јануари  2021 година и да се прескокне периодот на прилагодување со меѓу нормата Euro 6d-Temp (привремена (Temp).

И тука за Volkswagen, минатата година, работите се комплицираа, бидејќи стапувањето на сила на Euro 6d нормата наместо на први септември 2021 година е поместено за први јануари 2021, односно девет месеци порано… Тоа практично значи дека векот на првата серија на мотори, со процена на дневно производство од максимум 2100 единици , односно повеќе од 700.000 годишно, би било скратено за речиси 40 %. Се покажало неисплатливо целата серија поготовки за еко нормите Euro 6d-Temp за само по  15 месеци се да се префрли на Euro 6d…

Во Волфсбург за тоа не дале зелено светло бидејќи не е профитабилен потег.

Па така иако веќе со недели наназад Volkswagen Golf VIII се појавува во медиумите и тоа целосно откриен без никаква камуфлажа, со бројни „шпионски“ фотографии уловен без „маска“, со најнов сет на фотки кои попкажуваат дека станува збор за финален производ, неговото деби се одлага.

Во таа насока  е објаснувањето на директорот на продажба и маркетинг на Volkswagen, Јирген Стакман (Jürgen Stackmann), кој изјавил дека е под знак прашање дали Volkswagen Golf VIII воопшто и ќе биде претставен тековната година.

„ Ако веќе го прерипнуваме салонот во Франкфурт, овој септември, тогаш, е попаметн премиерата да ја префрлиме во наредната 2020 година за Женева. Но причината му е по малку апсурдна и најверојатно претставува „завеса од чад“ за прикривање на вистинската причина.  Според него по завршувањето на салонот во Франкфурт почнува пред Божикниот период, a тогаш луѓето повеќе преферираат да купуваат подароци одошто автомобили. Но сега малку кој му верува!.

Во секој случај Volkswagen Golf VIII е едн од најзначајните модели на целата   Volkswagen Грипа па затоа на неговиот развој е посветено големо внимание. Дури 180 водечки менаџери на Volkswagen Grоup биле вклучени во развојниот процес на осмата генерација на Golf.

Оссвен дизајнот, конструкцијата, изборот на материјалите, воведувањето на нови технологии и поробусните линии, тие биле вклучени и во преговорите со сите добавувачи, aсето тоа со цел Volkswagen Golf VIII да биде што е можно подобар, односно да го задржи престолот на крал во компактната класа.

Но, тоа нема да биде ниту малку едноставн, со оглед на тоа дека конкуренцијата никогаш не била посилна.

Во развојот на оваа генерација на Golf биле вложени 2,5 милијарди евра, a унапредените производни линии во главната фабрика на Volkswagena во Волфсбург  ќе има капацитет од производство на околу 2.100 автомобили дневно.

Volkswagen Golf VIII со себе не донесува големи промени во дизајнот. Но, во име на вистината тоа никој и не го очекувал.

Еволуција, а не револуција е идејата водилка на Германците при осмислувањето на новата осма генерација на Golf.

Исто како и во случајот со Porsche 911. Треба да се дотера, но никакви големи промени не се поскакувани. Дури и кога на пазарот стигнува потполно нов модел, на оддалеченост од 100 метри на секому веќе на прв поглед би требало да му биде јасно дека станува збор за новиот Golf.

За разлика од формулата во дизајнирањето на надворешниот изглед што ве води на помисла дека станува збор повеќе за facelift, a не за велосно нов модел, во внатрешноста се случува целосна промена – makeover.

Дигиталниот екран чувствителен на допир ќе ги замени речиси сите прекинувачи и копчиња и преку него ќе се контролираат сите поважни функции во автомобилот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Fiat тивко, без голема помпа подготвува освежување на својата гама

Помал SUV на Fiat за пазарите во Јужна Америка

Tesla Model 3 – Запрено производството поради премногу проблеми!

KIA во првото полугодие со одлична продажба!

В. Британија со повеќе станици за полнење на EV од бензински пумпи!

Во сила Законот за субвенции на нови и половни поеколошки возила

Фрлање догорче од цигара од автомоби во Грција може да ве чини возачка дозвола

Компактниот Jaguar и crossover coupe на BMW платформа!

Hyundai Nexo со oдлична оцена од IIHS