„Сензационален трансфер“- Rimac станува сопственик на Bugatti

На специјализираниот портал од Велика Британија – Car Magazine се појавија неофицијални информации дека Rimac Automobili може да го преземе производителот на луксузни супер и хипер спортски автомобили Bugatti од Volkswagen…

Групата Volkswagen, наводно, би сакала да се ослободи од производителот на луксузни спортски автомобили Bugatti од својата огромен асортиман на модели, а како можен купувач, со кого преговорите, наводно, веќе биле далеку одминатиу, се споменува иновативната компанија од територијата на некогашната заедничка држава СФР Југославија, денес Хрватска – Rimac Automobili.

Оваа ексклузивна информација ја пренесе порталот Car Magazine.

Тие пишуваат дека Bugatti  може да  премине под закрилата на Rimac преку Porsche, кое истовремено е дел од групата VW и ко-сопственик на Rimac Automobili.

Извори од британскиот портал велат дека управата на Volkswagen ја потврдила оваа трансакција минатата недела, но дека сè уште чекаат потврда од надзорниот одбор на групацијата VW.

Со истиот потег, Porsche би преземал поголем удел во Rimac Automobili отколку што сега поседува ( 15,5%).

Само како потсетување ќе спомнеме дека во 2018 година, Porsche ги презеде почетните 10% од компанијата на Rimac, за да го зголеми сопственичкиот удел за дополнителни 5,5% минатата 2019 година.

Продажбата на Bugatti, односно трансферот во помала подружница и задржувањето на малцинскиот удел, е во согласност со новата стратегија на Volkswagen, чија цел е да се фокусира на големите брендови и технологии и да ги намали инвестициите во „хобистичките“ брендови во своето портфолио.

Bugatti Automobiles во моментов е во заедничка сопственост, бидејќи семејството на основачот на Bugatti и  Фердинанд Пиех (Ferdinand Piech), сè уште има 50% од контролниот удел.

Сепак, нивната близина со Porsche може да  биде пресудна во реализација на ова преземање односно дека и тие исто така се согласуваат да ја продадат компанијата.

Тоа би значело дека иконата во светот на автомобилизмот Bugatti лесно би можел да се пресели под закрилата на компанијата од Хрватска.

Како и да е веста е навистина сензација и ние ќе бидеме во тек за да видиме дали ќе се реализира ова преземање, притоа информирајќи ве за сите важни поединости, секако, за тие што ќе бидат достапни за пошироката јавност и медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

De Tomaso станува американска марка

Fiat Moby за помалку од 6.000 евра но во Јужна Америка

Во Берлин со регистерски таблички и за велосипеди!?

Возачите во Британија нема да смета ниту да држат мобилни во рака

Вгодина Škoda Enyaq iV Coupe!

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio SUV на годината!

McLaren Elva Gulf Theme by MSO

Bugatti Type 251 Evo концепт

Од Волфсбург со тизер го најавија VW Golf 8R