Сензационалниот Малинковски до 5.место на „Словакиа ринг“

Давид Малинковски го освои петтото место на втората трка на „Словакиа ринг“, што се возеше денеска во рамки на FIA CEZ натпреварувањето во Твинго Купот…

Тој воедно беше и најдобропласиран од македонските возачи, додека Владимир Тренески беше седми, односно втор во бодувањето за домашниот шампионат, а Мартин Костовски заврши десетти или трет меѓу Македонците. Малинковски возеше фантастична трка и веднаш по стартот успеа да се пробие до четвртата позиција.

На некаде 10 минути до крајот на трката, нашиот возач дури успеа и да го преземе водството.Тој постојано беше при врвот во групата од осум автомобили, кои постојано се менуваа на првите неколку позиции. Во финишот, Малинковски падна до седмата позција, но во поседните неколку свиоци Младеновиќ и Ивануша имаа контакт по што излетаа од патеката, а Малинковски го запечати петтото место на трката.

Лука Глазер на крајот во фото-финиш мина прв низ целта, пред вчерашниот победник Ник Стефанчич и Урбан Јеловчан. Останатите наши натпреварувачи, Ангелче Стојковски заврши на 15.место, Емил Нацка беше 18-ти, Зоран Мираковски на 20.место, а Ненад Костовски беше 22.место.

Милан Ѓорѓевиќ успеа да комплетира само два круга пред да излезе од патеката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигнува baby Jeep

Маестрален настап на Давид Малинковски на тркачката патека во Гробник

Abarth F595

Салонот во Париз се враќа идната 2022 година

Dacia: Светска премиера на салонот за автомобили IAA Mobility 2021 во Минхен

Ioniq 5 стана најпродаваниот Hyundai на електричен погон досега

Од ноќеска на полноќ поскапуваат само бензините

Политиката го победи спортот на тркачката патека во Серес , Грција

Прв увид во новиот дизајн на F1  болидите