Сензационално – Првиот 3D мотоцикл целосно e веќе отпечатен!

Полека но сигурно 3D печатењето зазема се поважно место во автомобилската индустрија, но досегот на модерната технологија, барем досега, беше ограничена само на печатење на компоненти

Но тоа не ја спречи екипата на BigRepovog Nowlaba да отпечати цел мотоцикл, прв од таков вид во светот.

Така, речиси се на овој мотоцикл, од рамката и „вилушките“, до седиштето , фелните, па дури и пневматиците  е отпечатено со употреба на FDM 3D технологијата.

Nera, инаку кратенка од New Era, (нова ера во македонска транскрипција), e долга 190 cm, има маса од сам 60 kg, a внатре во рамот сокрива електричен погон со батерија, за која во моментов, не се знае со колкава сила и капацитет располага.

 

Исто така не се познати ниту параметрите што се однесуваат на перформансите , но тие се помалку важни во целата приказна бидејќи сепак станува збор за студија.

Видеото кое Германците го објавија на YouTubeu го покажува мотоциклот во малку не стабилни движења, што најверојатно е „вина“ на така наречените гуми без воздух.

Како што може да се види во прилогот, Nera користи структура на саќе наместо вообичаените гуми, со што овие пневматици поефикасно ги апсорбираат оштетувањата, па токму затоа и не можат да се дупнат!.

Инаку, Nera e многу далеку од производство, всушност таа претставува огледен материјал и пример на напредокот во технологијата на 3D печатењето.

Сепак, тешко е да се одолее на впечатокот дека не е така далечна иднината во која практично ќе можеме самите да ги креираме своите возила како што ќе ни падне на ум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова Triumph Rocket III линија

Curtiss Zeus со електромотор и батерии во форма на V8 бенински мотор!

Vison DC Roadster- Баварците ја покажаа иднината на електричните мотоцикли

Arc Vector – најнапредниот електричен мотоцикл во светот

Bird Cruiser нов електричен мотоцикл

Најмоќниот Triumph на сите времиња- Rocket 3 TFC!

MV Agusta Dragster 800 RR America

Ducati пред производство на електричен мотоцикл

Полицијата во Дубаи со мотоцикли што летаат!