Seres и Huawei на салонот во Шангај го покажаа SF5

Компанијата Seres, во соработка со технолошкиот гигант Huawei го претставија својот заеднички производ на Салонот во Шангај, наречен SF5 Smart Selection…

Кинескиот телекомуникациски гигант Huawei Technologies и тамошниот производител на  ЕV автомобили Seres, на актуелниот Салон за автомобили во Шангај. заеднички го лансираа новиот Seres Huawei Smart Selection SF5, хибриден електричен автомобил

Новиот пријателски настроен кон животната средина систем на Seres, создаден заеднички со Huawei се одликува со најновиот HUMP систем за продолжување на досегот, заедно со Huawei DriveOne електричниот возачки систем.

Креацијата Seres SF5 EVR Smart Selection е производ кој се темели на технологиите на Huawei во комбинација со S-007, футуристичкиот концептен модел на кинескиот ЕV бренд, кој како што велат, е инспириран од вселената.

Со овој проект, Seres и официјално започна соработка со технолошкиот гигант Huawei, односно и двете компании лансираат нов играч во секторот на eco-friendly системи.

Двете компании тесно соработуваа во изминатиот период со цел да ги обединат комплементарните сили кога станува збор за автомобилското производство и иновативната технологија, со што отвораат нови врати за високо перформансните интелигентни електрични возила.

Новиот модел, опремен со Huawei Hicar интерконекциски систем, Huawei DriveOne електричниот возачки систем и Huawei Sound. Smart Selection системот на Huawei е инклузивен еко-систем кој ја инкорпорира интелигентната интерконективност со производите на компанијата.

Од Huawei потенцираат дека нивниот „три во едно“ електричен возачки систем нуди унапредена енергетска ефикасност и перформанси  и тоа од „светска класа“.

Во чисто електричен режим, SF5 Smart Selection има досег од 150 км, но со продолжување на досегот каде двата електромотори работат во хармонија со 1,5-литарскиот мотор, достигнува автономија од над 1.000 км според NEDC протоколите.

Според податоците пласирани на Саемот, вој модел од 0 до 100 км/ч забрзува за само 4,7 секунди.

HiCar системот им овозможува на корисниците лесно да менуваат меѓу апликациите на мобилните телефони на централниот контролен панел, добивајќи пристап до навигација и други системи.

Потсетуваме претходно овој месец, Huawei ги најави своите планови за насочување на ресурсите кон зголемување на своето присуство во автомобилскиот сектор, особено кога станува збор за автономно возење и интелигентната технологија за возила, за што подготвија 1 милијарда американски долари за инвестиции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Renault Arkana изненади на слалом тестот 77km

Роботизиран пешачки преми. Вештачка интелигенција одлучува за интервалите

BOSCH ја напаѓа Европа поради сеопфатната електрификација!

Hyundai подготвува перформанс модел на струја

FIAT 500 со Safety mode на батеријата штеди струја каки мобилен телефон

Во Кина претставен EV што прочистува воздух!

По Volvo и Renault ја ограничи брзината на своите возила на 180 км/ч

Renault E – Teck и LEGO

Alfa Romeo ja напушта Giorgio платформата