Сeрија „Storie Alfa Romeo“ 3-та епизода: 6C 2500 Villa d’Este – Нај елегантна синтеза на моторно возило

-Со текот на годините, пред и по Втората светска војна, Alfa Romeo остана белег на преминот од врвот на ерата на занаетчискиот пристап кон помодерна индустриска организација…

-Model 6C Villa d’Este бил пионер во однос на елеганцијата, техничката иновација, перформансите и престижот

– Создавајќи неспоредлива аура, 6C Villa d’Este привлече многу култни славни личности од тоа време, од Тајрон Пауер (Tyrone Power)  до Евита Перон (Evita Peron), од Рита Хајворт (Rita Hayworth) до Раниери III (Ranieri III) од Монте Карлo, па дури и 20-годишниот Валентино Мацола (Valentino Mazzola),кој – долго пред да стане фудбалска легенда – работел во фабрика во Портело (Portello) во 1939 година.

Симбол на една ера!

Во пролетта 1949 година, кога се појави 6C 2500 со каросерија Touring на сцената во Cernobbio, на сите им беше јасно кој автомобил ќе го освои Златниот куп. Неговата оригиналност и уникатните линии беа толку неодоливи па природно беше да се почести со признание од најважниот натпревар во светот за елеганција.

Сепак, 6C 2500 Villa d’Este не била само на врвот на тоа што е убавина. Овој автомобил беше крајниот подвиг на занаетчиите во создавање сопствени автомобили, а во исто време и пресврт кон помодерна организација за производство.

Меѓународен инженер од Тревизо (Treviso)

Да се вратиме една деценија назад. Кога 6C 2500 бил лансиран во 1939 година, со фабриката Портело веќе шест години управувал инженерот Уго Гобато (Ugo Gobbato), кој донесе огромно индустриско искуство во марката Alfa Romeo.

Биографијата на Гобато вклучува диплома во Германија, време на  управување со Marelli и фабриката „Лингото“ во Торино, како и искуството на еден од главните креатори на проектот „Гринфилд“ за изградба на првата огромна фабрика за куглични лежишта во тогашниот Советскиот Сојуз.

Тој скромен човек кој во работилница се чувствувал како дома, честопати разговарал со своите тимови и секогаш се трудел да сфати како да ја подобри ефикасноста. Од своето доаѓање, тој прво се фокусирал на проучување на нешта што биле незадоволителни: погрешни машини, „фабрика која нема склад “ со премногу „погрешно движење на материјалот “. Врз основа на таа аналитичка дијагноза, Гобато го лансирал својот лек.

Тој ги објасни своите методи во два прирачници објавени во 1932 година, под наслов „Организација на производствени фактори “. Тој се посвети на теоретизирање и спроведување на добро испланирана синтеза помеѓу современиот систем на производство и традицијата на занаетчиската прецизност, која до тогаш беше карактеристика за Alfa Romeo.

„Рационалното производство, а не масовното производство“ била целта, што најмногу се постигна со вработување на нова генерација на млади инженери. Со нив настапи примена на голем број нови правила и современи методи. Тоа вклучувало појасна хиерархија, прецизни одговорности и пропорционални плати.

Перспективен млад талент

Меѓу другите аспекти на обемната реорганизација на фабриката во Портелo, во соседната зона е поставено фудбалско игралиште, заедно со атлетска патека и мали трибини.

Во 1938 година, тим од вработени од компанијата што се собраа по работата – наречена „Gruppo Calcio Alfa Romeo  – го освои регионалното првенство во фудбал и стигна до Дивизија С.

Како резултат на тоа, тимот привлече перспективен млад играч, кој исто така беше привлечен од можноста за постојано вработување како механичар во Портелo. Неговото име беше Валентино Мацола, а тој подоцна стана капитен на италијанската репрезентација и легендарниот тим Grande Torino .

Кој знае дали тој идол во „раѓање”  некогаш работел како механичар на 6C 2500? Тоа што го знаеме е дека тој работел во Портелo во 1939 година, кога излегоа првите автомобили од новата серија.

Модел 6C 2500

Создадена  како директен наследник на 6C 2300 и 2300 B моделите атрактивниот 6C 2500 наследил рани значајни технички иновации, како што е задна суспензија со торзиони шипки со телескопски амортизери и хидраулични сопирачки наместо механички.

 

Перформансите беа подобри и поагилни: нивото на моќност се искачи на 110 КС во варијантата Super Sport, што можел да јури со брзина од 170 км/ч. Тој модел деби со победа на трката Тобрук-Триполи во 1939 година со каросерија со „подебели крила“ што ги интегрираше браниците во телото на автомобилот.

Уште еднаш, техничката уникатност на моделот и неговите спортски достигнувања станаа клучна причина за привлекување елитни муштерии. Производството започна со Turismo верзиите со пет или седум места, како и со кратки растојанија помеѓу оските на Sport и Super Sport верзии, кои им беа доверени на надворешни производители на каросерии. И покрај цената (од 62 до 96 илјади лири), реакцијата на пазарот била многу позитивна. Моделот стана голем деловен успех: 159 продадени единици заработија исто како и 1.200 моделите Fiat 508 Balilla.

Враќање на моделот 6C

По Втората светска војна, фабриките беа повторно прилагодени за цивилно производство. Фабриката Портело беше бомбардирана во голем обем во 1943 и 1944 година и беше сериозно оштетена. Започнувањето на работењето, беше комплексен предизвик уште од самиот почеток и скоро неизбежно значеше заживување на најновиот модел на компанијата, особено затоа што се зачувани различните механички делови за 6C 2500.

Во 1945 година, беше можно само да се соберат неколку верзии на 6C 2500 Sport, но техничарите и работниците сето гледаа како на невозможно. Надвор од фабриката Портело, Миланo и многу италијански градови биле во урнатини, а уништена била и економијата на државата: компаниите требаше да ги купат потребните материјали и горива за нивните фабрики директно на црниот пазар.

Модел 6C 2500 Pinin Farina Special Cabriolet

Во 1946 година, производството се зголеми на 146 единици, земајќи ги предвид готовите автомобили и шасијата испратени до производителите на каросерии. Една од овие шасии беше претворена во кабриолет верзија и беше транспортирана до Саемот за автомобили во Париз. Сепак, како поразена земја, Италија не беше поканета на настанот … и токму затоа креативниот производител на каросеријата го паркираше својот автомобил пред влезот во Gran Palais и секоја вечер го возел до Place de L’Opéra. Тоа беше доволно за да се обезбеди успех на автомобилот и неговиот креатор Батиста „Пинин“ Фарина (Battista “Pinin” Farina).

Исто така во 1946 година, оригиналниот Freccia d’Oro беше направен како дел од моделот Sport во фабриката Портело. Него го красел краток и заоблен заден крај, што бил одраз на најновите откритија во аеродинамиката. Овој модел потоа ќе охрабри бројни поамбициозни верзии. Пинин Фарина создаде елегантно купе со револуционерни контури, победничката берлинета за натпреварот Cernobbio. Ахилe Кастолди (Achille Castoldi), шампион во трки со глисери, го купи coupe Touring  и ја користел истата тактика на Саемот за автомобили во Женева што Фарина ја користел во Паризл

VIP модел

Тајрон Пауерс го возел својот Alfa Romeo 6C 2500 низ целиот Рим, а Хуан Перон (Juan Peron) и неговата сопруга Евита сакаа да се фалат со тој модел во Милано. Го купувале познати луѓе како кралот Фарук од Египет и Раниери III од Монте Карло. На 27.05.1949 година, кога Рита Хејворт пристигна во општината во Кан за да се омажи за принцот Али Кан, возела модел 6C 2500 што штотуку го добила како подарок за свадба. Моделот имал елегантна сива надворешност, со темно сина хауба и тапацир што совршено одговарал на облеката на невестата.

Првично, свадбата била планирана за почетокот на мај, но истата била одложена поради авионската несреќа во Суперга, кога загина целиот фудбалски тим Grande Torino. Принцот бил фан на фудбалрите од Торино. Тоа нè враќа назад во 1939 година и раѓањето на првиот модел 6C 2500 во фабриката Портело, каде работел младиот и тогаш непознат Валентино Мацола.

6C 2500 SS Coupé Villa d’Este

Што се однесува до моделот Villa d’Este, тоа е синтеза на најубавите креации во светот на автомобилизмот. Креацијата 6C 2500 SS Villa d’Este била еден од последните модели на Alfa Romeo  што бил направен со рамка одвоена од каросеријата. Направени се само 36 примероци, а сите беа уникатни, според желбите на сопствениците и инспирацијата на производителот.

Напуштајќи го концептот 6C 2500 SS Coupé, што го произведувала неговата  сопствена компанија за каросерии – Touring, Бјанки Андерлони (Bianchi Anderloni)  вовел големи промени: на предниот крај му дал нов дизајн, со четири светла интегрирани во каросеријата, и две вградени и продолжени отвори за ладење. Браниците се интегрирани со крилјата, но остануваат јасно видливи. Ветробранското стакло е поделено на два дела и закосено. Задниот дел бил многу низок и нагласен, со две мали, елегантни светла кои биле јасно видливи..

Родено е ремек-делото на автомобилизмот од 20-от век

Во 1949 година, на натпреварувањето Villa d’Este Elegance, автомобилот ја освои Grand Prix Referendum , награда што ја доделува публиката … засекогаш спојувајќи го неговото име со настанот што го овековечи..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Škoda Scala Spider станува Slavia и потсетува на првите почетоци на марката

Jeep Renegade Orange Edition

Cupra Formentor e новиот официјален автомобил на ФК Барселона !

„Воскреснатиот” Aston Martin DB5 чини само 2,75 милиони фунти!

Фудбалерите на Баерн Минхен ќе возат електрични автомобили на Audi

Промотивно видео Rolls Royce Wraith Kryptos Collection Car

Tesla ја надмина вредноста на Toyota и стана највредна автомобилска марка

Storie Alfa Romeo, 10 епизода – Giulia и Stelvio се одраз на 110 години италијанска извонредност

Porsche 911 Turbo S или Taycan Turbo S…?