Серискиот Alfa Romeo Tonale на пазарот во 2020 или 2021

Со оглед на големата популарност на crossover и на SUV модели во последно време што и натаму забрзано продолжува да расте на светко рамниште, моделот Tonale e токму тоа што на компанијата Alfa Romeo и треба на глобалниот пазар, за да биде неопходна поддршка на актуелниот и глобално популарен нивни SUV моделот Stelvio…

Компактниот SUV модел на легендарната италијанска автомобилска марка позната по своите спортски креации веќе беше најавен претходно годинава, поточно на почетокот на март, на салонот за автомобили во Женева, со претставување на концепт …

Но, поучени од историјата која вели дека концепциските модели најчесто, се разликуваат од сериските производни, така и сега очекуваме тоа да се случи  и кај овој SUV.

Специјализираниот портал за автомобилизам –Motor1 направи рендери што покажуваат како би изгледала продукциската верзија на моделот Alfa Romeo Tonale.

Изгледот е малку „ ублажен “, во нешто изменет за истиот да може да одговара на еден продукциски модел.

Исчезнаа и страничните камери што се заменети со конвенционални ретровизори, како и pop-up рачките на вратите наместо кои се имплементирани стандардните.

Задните врати и понатаму имаат скриени рачки, a тоа е карактеристика која моделите на  Alfiа  ја имаат веќе низа на години.

Автомобилот на рендерот има поинакви фелни во однос на 21 –инчните во ретро стил  што беа поставени на концептот.

Серискиот Tonale на пазарот би требало да пристигне во текот на наредната 2020 година, или пак една година подоцна, во 2021 и би можел да стане нај продаваниот модел на  Alfа.

Техничките спецификации за овој SUV, засега,остануваат тајна, но затоа пак, се знае, дека ќе биде понуден и во хибридна изведба, со погон базиран на тој што се имплементира во сестринските модели во Групацијата – Jeep Renegade и  Jeep Compass.

До крајот на 2022 година во Alfa Rome планираат да лансираат и поголем SUV што ќе го заземе своето место веднаш над моделот Stelvio, a исто така и моделот MiTo би требало да направи транзиција и да се преобрази во crossover.

Во тој временски интервал се очекува да се појави и редизајн верзијата на моделот Stelvio, а исто така би требало да биде понудена и по пространа верзија, на тој модел со продолжено растојание помеѓу оските.

Плус, според дополнителни, неофицијални извори, од компанијата, се најавува и електрификација на брендот за што поуспешно да им парира на премиум производителите Mercedes – Benz, BMW и Audi, како и на Jaguar и Volvo, со цел за три години да достигне годишна продажба од над 400.000 единици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Jaguar Land Rover Project Vector- иднината на убаната мобилност

2020 -Nissan Navara N-Guard унапреден работник за тешки задачи!

IED Tracy concept

Во Женава Toyota ќе настапи со мал crossover oд B сегментот

Во Женева деби на луксуз со Bentley Mulliner Bacalar

Конечно откриен Volkswagen Golf R (2021)- Top Gun компакт со 333 KS!

2021 Kia Sorento интуитивност за оубаво чувство во возењето!

Volkswagen Golf 8 GTD подготвен за дби на Palexpo 2020 во Женева!

HANKOOK е избран од AUDI за фабричко вградување во новите AUDI Q8 и SQ8