Серискиот Cybertruck ќе дојде со многу подобрувања

Сопственикот и извршниот директор на Tesla потврди дека сериската верзија на Cybertruck ќе изглед нешто подобро, односно поубаво од моделот кој беше промовиран…

Првиот човена Tesla Motors, Илон Маск (Elon Musk), преку својот Twitter, одговори на прашањето за конечниот изглед на пикап моделот на Tesla, Cybertruck што би требало во производна верзија да стаса вгодина кратко посочувајќи дека возилот „ќе изгледа малку подобро“ од првичниот модел што беше презентаиран пред неколку месеци. Покрај тоа одреден број лица уште во ноември минатата година зборуваа за евентуални промени на дизајнот на овој  електричн камионет.

Јасно е дека е неопходно да дојде до некои промени, пред се на надворешноста, бидејќи ваков Cybertruck тешко ќе ги мине хомологациските тестови на одредени пазари, пред се во Европа, каде експертите сметаат дка предниот дел на pick-up моделот на  Tesla е небезбеден за пешаците во случај на судир, односно дека би можел да предизвика сериозно тешки повреди.

Tesla се уште има доволно време пред себе за да ги исправи сите недостатоци кога станува збор за својот Cybertruck, чија  мајмоќна верзија, со три електромотори ќе се најде во продажба дури кон крајот на 2021 година, а верзијата со две погонски единици ќе стаса една година потоа.

Последните информации, велат дека Tesla има повеќе од 535.000 резервации за електричниот pick-up.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volkswagen Arteon coupe: евтина алтернатива на Audi A5 или нешто повеќe?!

Разбојникот го исфрлил сопственикот од автомобилот но потоа не знаел да излезе од него !

Известување до потрошувачите, целокупната јавност и до сите релевантни институции

Новата Opel Mokka веќе ја возеше Јирген Клоп

Се продава Dodge WC-57 во кој во Втората светска војна се возел легендарниот Генерал Патон

Долга традиција на електрични автомобили на Opel

Alfa Romeo GT Junior на струја и со повеќе од  500 КС

Audi го заштити името R8 Green Hell и ја потврди екстремната изведба

Fiat 500e Abarth- Спортската икона доби погон на струја