Серискиот Volkswagen ID. Space Vizzion доаѓа под името ID.7 Tourer

Во 2019 година, Volkswagen претстави уште еден електричен концепт автомобил од својата серија ID на Саемот за автомобили во Лос Анџелес и тоа Space Vizzion, за кој во меѓувреме е потврдено дека ќе добие своја сериска верзија….

Последните вести велат дека серискиот модел би требало да го носи името ID.7 Tourer, име кое Volkswagen го заштити претходно овој месец со Европската канцеларија за патенти.

Според некои најави, производството треба да започне во 2024 година во фабриката Емден, но благодарение на овие  патентни слики  кои „протекоа“ (кои се појавија минатата година), веќе можеме да видиме како во основа новината ќе изгледа.

За потсетување, ID. Space Vizzion е електричен караван (должина 496 cm, ширина 190 cm, висина 153 cm, што има коефициент на отпорност на воздух од 0,24), изграден на MEB платформата на Volkswagen наменета специјално за електрични возила.

Покрај другите карактеристики тука се истакнувај модерната, пространа и променлива внатрешност, како и ID Pilot систем со автономно возење.

Покрај тоа, во кабината има 15,6-инчен екран чувствителен на допир, дигитален кокпит, head-up дисплеј, како и седишта обложени материјал, наречен AppleSkin, нов производ кој се состои од обновлив сиров материјал.

Серискиот модел ќе има автономија од 590 до 700 километри во зависност од моќноста на пакетото на батерии што ќе се инсталира и силата на електромоторите.

Во однос на погонот во понудата најверојатно ќе има основна верзија со погон на задните тркала и еден електромотор, како и помоќна варијанта со два електромотори и погон на сите четири тркала.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Stellantis вложува во Германија во производство на суровини за батерии

Audi вложува уште 300 милиони евра во својата фабрика во Унгарија

Hyundai и KiA во проблеми поради дизелот

До 2030 година во ЕУ ќе има над 60 милиони електрични автомобили

Половина од постојките за полнење на EV во Европа се лоцирани во две земји

Stellantis го запира производството во погоните во Рен поради недостаток на чипови

Tesla ги поскапи автомобилите во САД поради инфлација

Во Шпанија ќе се произведуваат новите генерации на електрични модели на Ford

VW е нова жртва на недостаток на полу проводници во светот на автомобилите