Аукциската куќа RM Sotheby’s во април ќе го продаде автомобилот Ferrari кој му припаѓаше на Михаел Шумахер….
Како што пишуваaт специјализираните портали, станува збор за целосно реставриран автомобил кој може да учествува во програмата Corse Clienti на Ferrari, како дел од која сопствениците можат да ги возат своите автомобили на некои од најдобрите патеки во светот.
Тоа е, исто така, шампионскиот болид F1-2000 кој започна серија трофејни сезони кои траеја до 2004 година.
Промената на правилото последователно стави крај на „честа“ доминација на Ferrari.
Во 2000 година, Михаел Шумахер (Michael Schumacher) апсолутно доминираше во текот на целата сезона и ја освои титулата возач со 19 поени предност пред второпласираниот Мика Хакинен (Mika Hakkinen).
Сепак, ниту таа разлика не ја кажува целосната приказна, со оглед на тоа што Финецот успеа да ја намали разликата која изнесуваше повеќе од 40 поени благодарение на повлекувањата на Мајкл.
Од вкупно 13 трки што ги заврши, Шумахер не се најде на подиумот само еднаш, бидејќи целта ја мина на петтото место во Шпанија. На девет трки беше на највисокото скалило.
Вкупно, F-2000 постигна 10 победи на 17 трки во сезоната, како и 10 пол-позиции и пет најбрзи кругови во текот на годината.
Шумахер и неговиот тимски колега Рубенс Баричело (Ruben Barichello) искомбинираа 21 подиум.
Шампионската сезона на Шумахер во 2000 година му ја донесе на Ferrari првата возачка титула по 21 година.
Пред тоа, тоа го направи Џоди Шенктер (Jody Scheckter) во 1979 година кога го престигна соиграчот Жил Вилнев (Gilles Villeneuve).
F1-2000 е придвижуван од 3,0-литарски V10 мотор, а истата основа ја користеше и 3,0-литарскиот V10 кој на Шумахер и Ferrari им донесе уште четири шампионски титули.
Во случајот со автомобилот F1-2000, моторот „врти“ повеќе од 17.000 вртежи во минута и развива повеќе од 800 КС.
Автомобилот на фотографиите носи шасија со број 198, а Шумахер го возел кога ја освоил пол-позицијата во Монако и Шпанија.
Исто така, тој победи од вториот стартен ред во Бразил. Поради инцидентот во кој болидот BARР-Honda го удри во Австрија, болидот не ја заврши трката, а по мали поправки беше користен како резерва за остатокот од сезоната.
Истиот автомобил беше продаден во 2014 година во САД за 1,8 милиони долари, но овој пат се очекува значително повисока цена.
Болидот на Шумахер од 2003 година во шампионатот F1 неодамна беше продаден за 1,46 милиони швајцарски франци.