Шангај -светска промоција на првиот целосно електричен автомобил на Aston Martin

На салонот во Шангај Aston Martin и официјално го промовира својот прв електричен автомобил…

Инаку пред речиси четири години, во 2015-та Британците го претставија електричниот  Rapide AMR, но тогаш тоа беше само концепт автомобил.

Серискиот модел го носи името Rapide E, a ќе биде правен во соработка со  компанијата Williams Advanced Engineering со кој веќе и соработуваа на горе спомнатиот концепт.

Кога станува збор за деталите, кажано  дека Rapide E ќе го задвижуваат два електромотори со вкупна моќ од 612KS и 950 Nm вртежен момент, како и дека автомобилот со едно полнење на батериите со моќ од 65 kWh може да помине повеќе од  200 миљи ( над 322 km).

Исто така, тој спортски автомобил на струја ќе располага со супериорни перформанси.

Имено, спортскиот седна ќе забрзува од 0 до 60 миљи на час mp/h (96 km/h) за помалку од четири секунди и ќе постигнува максимална брзина од 250 km/h.

Покрај тоа од Aston Martin велат дека Rapide E dдобил и модифицирано потпирање, оптимизиран аеродинамичен пакет, нови тркала, а секако и LSD диференција.

Електричниот седан ќе се произведува во новата фабрика на Југ на Велс, a најавено е производство на лимитирана серија од само 155 примероци.

Испораката до првите купувачи би требало да стартува кон крајот на тековната 2019 година.

Во однос на цената, Британците, засега не даваат никакви информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претставенa новата генерација на BMW Series 3 Touring

Fiat Toro и Fiat Argo Selection

Промовирана KIA K7 Premier

Пробно производство на Aston Martin DBX

Bentley Flying Spur – ново остварување на супер луксузот

Mercedes-Benz GLB – Нов авантуриста на сребрената ѕвезда!

Новата генерација на Лилипутанецот на струја Renault Zoe со автономија од 400km

Тesla доби ривал од Кина-се вика XPeng P7

Новиот Land Rover Defender на финални тестирања во Кенија!