Шатл без возач, тестира гуми без воздух!

Американскиот производител на гуми Goodyear разви автомобилска гума што не се потпира на воздушниот притисок, туку на потпорната конструкција, за да ја задржи својата форма и да овозможи долготрајно удобно возење и прв во светот ги тестира на автономни возила на Флорида

Производителите на гуми, како што се Michelin, Bridgestone и сега Goodyear, веруваат дека идејата за правење гуми „без воздух“ има смисла, па затоа тие вложуваат сè повеќе во истражување и развој во таа насока.

Последните вести во таа насока доаѓаат од САД во кои се вели дека Goodyear  започна активно да го тестира своето решение за гуми без воздух (non-pneumatic tire односно NPT ).

Оваа технологија ќе се тестира на автономни шатл (shuttle) возила за време на редовните градски возења во градот Џксонвил (Jacksonville), Флорида.

Ова е прв ваков тест во светот и доаѓа по три години тестирање на овој вид гуми во слични примени, но во затворени, контролирани услови.

Откако, во погоните на Goodyear, ќе се постигне задоволително ниво на издржливост, капацитет на товар и брзина, гумите се подготвени за возење во реалниот свет.

Автономните шатл возила беа избрани како идеално опкружување за тестирање на реалните можности на гумите без воздух, бидејќи тие возат во урбани услови, но се движат со помала брзина и по повеќе предвидливи правци од „обичните“ автомобили.

Крајната цел на ова тестирање е да се развие технологија доволно зрела за Goodyear да го реализира својот план – а тоа е да лансира целосно одржлива,  гума за автомобили без воздух, што не бара никакво одржување и тоа до крајот на оваа деценија.

Не- пневматските гуми може да станат индустриски стандард во наредните години, овозможувајќи работа (експлоатација) без одржување, како и тивко и пријатно возење за патниците, соопштија од компанијата  Local Motors, која произведе автономни минибус возила за тестирање на револуционерни гуми на Goodyear.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прототип на Ford Transit FCEV

Новиот Porsche 718 ќе има електричен погон

Тоyota во 2025 со нов Prius со нова технологија

Лесна платформа на Lotus за наследниците на Elise и Еvora

Првиот електричен Alfa Romeo пристигнува 2024 година

Unique Puncture-proof Tire System

Honda ги интензивира работите на автономни возила

Тајното оружје на Dacia против гребаници

Volkswagen отвори центар за истражување и развој на батерии