Шефот на F1 тимот на Mercedes на чело на Formula 1 натпреварувањето!

Првиот човек на на Mercedes F Tеаm, Тото Волф би можел да биде наследник на Чејс Кери на функцијата извршен директор на светскиот шампионат кон крајот на 2020 година, кога на Волф му истекува договор со Mercedes

Под водството на Волф, Mercedes владее во новата турбо ера во F1 од 2014 година наваму, а светските титули одат кај пилотите, кои оваа сезона ја започнаа со четири двојни победи во првите четири трки.

Волф е акционер во тимот на Mercedes во Formula 1 – со 30% акции, а неговиот колега Ники Лауда, има 10%, додека останатите се на Daimler. Акционерите сепак имаат прелиминарен договор дека автомобилскиот гигант може да ги откупи акциите на Волф и Лауда, ако тие одлучат да го напуштат тимот.

Легендарниот пилот кој има три светски титули, сеуште се опоравува од трансплантација на бели дробови од минатата година и не присуствувал на трката од средината на 2018.

Според анонимни извори во Mercedes, цитирани од сајтот racefans.net, Волф размислува за иднината, бидејќи победничката низа на тимот е загрозена од новите правила, кои ќе стапат на сила за сезоната 2021 и ќе вклучуваат ограничување на буџетите.

Овие правила најмногу ќе влијаат на големите тимови како Mercedes и Ferrari, а покрај тоа, сегашниот извршен директор на Daimler Дитер Цетче ќе ја напушти функцијата на крајот на мај, а тоа исто така има значење за иднината на Волф.

На местото на Цетче доаѓа Ола Калениус кој има клучна улога за забрзаниот курс на Mercedes кон електричните модели, промоцијата на EQ, а исто така е и меѓу оние кои исклучително влијаат на тоа Mercedes да влезе во Formula Е.

Во Баку медиумите го прашаа Волф дали неговата иднина вклучува напуштање на Mercedes и нова улога во Formula 1, но тој само рекол дека неговиот договор со тимот завршува во 2020 година.

Според извори од Liberty Media, сопственикот на основниот пакет акции во Formula 1, 65-годишниот Чејс Кери, извршен директор и претседател на Liberty Media, ќе го напушти кормилото по 2020 година, но ќе остане претседател, а Волф ќе ја преземе функцијата на CEO.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ultima RS- Хипер автомобил од Англија со 1.200 расни „грла“

Volkswagen апсолутен крал на „Рингот“, електричниот ID.R просто неверојатен!

Ескалираа работите во таборот од Маранело: Леклер сензационално сака да си замине?!

Игор Стефановски – Иџе со Hyundai јуриша на круна воTCR Италија шампионат!

Замина уште една голема Formula 1 Икона- Почина Ники Лауда

Триумф за Мартин Делев на првата трка на TWINGO CUP 

Совети: Сe може да се случи во дел од секундата – „ Аиритон Сена “

Монца под итно бара 60 милиони евра за опстанок во F1 календарот!

Renault Megane R.S. Trophy-R напад на рекордот на Hondi Civic Type R на Рингот!