Шефот на Lamborghini станува извршен директор на Formula 1

Доменикали го замени директорската фотеља во Lamborghini со  таа во Formula 1, а засега не е познато кој ќе пристигне на неговото место како извршен директор и претседател на италијанскиот производител на луксузни супер спортски автомобили…

По малку делува нелогично бидејќи Formula 1 се уште го нема назначено официјално Стефано Доменикали како нов шеф, но, преселбата на Доменикали во F1 е потврдена од неколку извори за BBC, а досегашниот шеф на Lamborghini се очекува да завладее во Formula 1 пред почетокот на следната сезона  како наследник на Чејс Кери кој на оваа позиција е од јануари 2017 година.

 

Пред да потпише со Audi во 2014 година и да биде назначен за шеф на Lamborghini во 2016 година, каде пристигна на местото на Стефан Винкелман, Доменикали го предводеше Formula 1 тимот на Ferrari. Така, ако навистина се врати во најбрзиот циркус на цветот како што се најавува, тој ќе им се приклучи на други поранешни шефови на Ferrari, актуелниот претседателот на FIA Жан Тод, кој беше спортски директор на Ferrari, и Рос Браун, поранешен шеф на дизајн.

Доменикали е роден во Имола во 1965 година, и помагал на локалната тркачка патека и во медиумскиот центар уште како дете. Дипломирал на универзитетот во Болоња во 1991 година и кратко потоа се приклучил на Ferrari во финансискиот центар. Од 1992 до 1994 година тој бил вклучен во мотоспортот, како тркачки директор во Муџело, а во 1995 година,  бил назначен за шеф на персоналот во спортскиот оддел, каде остана до 2001, кога откако бил назначен за менаџер на логистика, станал спортски директор.

Во 2007 година беше назначен за директор на Ferrari F1 тимот, а една година подоцна беше назначен за шеф на тимот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

McLaren Elva Gulf Theme by MSO

Legendarni Nissan NPT-90

Gordon Murray ја засили екипата

Hyundai Elantra N TCR нов адут за натпреварување на Корејците

Peugeot подготвува ултимативен „спортист“ за Le Mans 2022

Фетел го купи болидот Williams FW14B што го возел Менсел

Alpine F1® Team влегува во Formula 1 ново име во големиот циркус на тркал

Цените на горивата повторно паѓаат

Renault Talisman отстапува место на електрична лимузина!