Шефот на РЅА Opel од идната година ќе носи профит

Првиот човек на групата РЅА, Карлос Таварез изјави дека очекува германскиот бренд да постигне значителен раст на продажбата во 2021 година и да заземе поголем удел на пазарот…

Таварез очекува Opel  да оствари значителен пад на продажбата оваа година. Тоа е резултат, како што вели, не само на пандемијата од корона вирусот, туку и на застарениот гамата на оваа марка, како и процесот на освежување и промена на портфолиото. Новитетите што наскоро ќе пристигнат на пазарот, како во конвенционалните така и во електричните изданија, ќе донесат вистински пресврт дури следната година.

Шефот на француската група исто така ја критикуваше врската на Opel со General Motors, која ја нарече товар.

„Opel треба да се ослободи од сојузот со Generalе Motors и целосно да се пресели во технологијата PSA. Само тогаш ќе се покаже целиот потенцијал на овој бренд “, рекол умешниот Карлос Таварез.

Во текот на јуни, Opel во Европа и Vauxhall  во Велика Британија, продадоа вкупно 42.582 автомобили, што одговара на уделот на пазарот од 3,84%. Сосема лош резултат за германскиот производител, што го истакна самиот Таварез, потенцирајќи кака верува дека најлошото за Opel допрва доаѓа оваа година. Во првото полугодие, продажбата падна за речиси 50%, а испорачани се вкупно 266.111 автомобили.

Таварез ги истакна добрите продажни резултати на новата генерација на Corsa, што во суштина е препакуван Peugeot 208.

Од преземањето на PSA, Opel стави крај на кариерата на неколку модели, како што се: Zafira, Meriva, Cascada, Karl и Adam.

Германскиот бренд има особено големи очекувања од новата Mokkа, која наскоро ќе пристигне на пазарот.

Овој мал SUV треба да биде вистинска пресвртница за Opel, и бидејќи ќе понуди и целосно електрична варијанта, нема сомнение дека производителот од Риселхајм ќе може да привлече клиенти кои сакаат возило со нула емисија.

И покрај сите тешкотии и падот на продажбата, Opel сепак успеа да оствари профит од 110 милиони евра во првото полугодие.

Тоа покажува дека Таварез и неговото раководство многу добро знаат што прават со овој бренд, и дека ренесансата на Opel веќе е „зад аголот“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првиот човек на Cupra е нов шеф во Seat

В. Британија ќе им каже збогум на возилата со внатрешно согорување

Со изедначување на акцизата на екстра лесното гориво доби и животната средина и граѓаните

Салонот за автомобили во Детроит повторно одложен – за есента 2021

Нови камиони на сребрената ѕвезда  Actros F и Edition2

Уште една потврда дека времето на Автомобилски магазини е минато!

Нов скандал во светот на мобилноста-Nikola обвинет за измама!

ЕУ дополнително ги заостри нормите за CO2 емисиите

Колку чини новата S Class на домицилниот пазар