Иако на прв поглед Tesla Cybertruck, кој неодамна беше забележан, изгледа речиси идентично со оригиналниот прототип/концепт претставен во ноември 2019 година, овој електричен pick – up, сепак, претрпе забележителни промени…
Покрај тоа мора да се рече дека нема да има дополнителни големи ревизии, вели Илон Маск (Elon Musk) во интервјуто во кое потврди дека дизајнот конечно е заклучен.
Она што е забележливо се новите бришачи кои не се ласерски, но на некој начин можат да се продолжат со оглед на тоа што на новите фотографии може да се забележи дека се прекратки за толку големо ветробранско стакло.
Има и погон на задните тркала, стандардни ретровизори и отсуство на физички рачки на вратите.
Оние кои имале можност да „ѕирнат“ во внатрешноста на Cybetruck, велат дека поставката на контролната табла е слична на онаа на Model S и Model X, со голем централен екран на информативно забавниот систем.
Значи, иако основата е слична, наместо флуидни форми, кај Cybetruck се е „аголно“.
Маск исто така рече дека фокусот на Tesla сега е конечно да започне со производство на камионетот.
Сепак, тој посочува дека колку и да се труди компанијата да го постигне тоа, недостигот на полу проводници е проблем кој ја окупира целата автомобилска индустрија.
Од таа причина, Маск проценува дека без разлика што дизајнот на Cybertruck нема да се менува, а може да започне производството во гигафабриката во Тексас, испораките ќе започнат дури за околу 12 месеци.
Треба да се спомене дека оценката на Маск не вклучува дополнителни проблеми кои би можеле да се појават во меѓувреме.