Шест децении Škoda Octavia (1959 – 2019)- Успешна приказна од Млада Болеслав

Легендарниот модел го слави 60-от роденден, бидејќи во јануари 1959-та се симнаа првите примероци во погоните во Млада Болеслав, a низ бурната историја на марката стаса до статус на омиле семеен и бизнис автомоби со повеќе од шест милиони продадени примероци …

Еден од нај продаваните модели воопшто нa пазарите во Европа но и кај нас зад себе има богато и бурно минато .

Да почнеме со името – Octavia што на латински значи осми по ред бидејќи бил осми модел на брендот што е лансиран по Втората светска војна и осми модел на  Škodа со модерна независна суспензија, воведена од Чесите 1933 година.

Првата генерација на Octaviа излегла од погоните во Млада Болеслав кон крајот на јануари 1959 година, заедно со претходниците Š 440 и Š 445. Под хаубата бил вграден робустен мотор со четири цилиндри, со работен волумен од 1,1-литри, моќен 29,4 kW/40 KS и ги задвижувал задните тркала преку мануелен менувач со четири степени. Овозможувал топ брзина од 110 km/h.

Автомобилот просечно трошел 7,7 l/100 km бензин. Атрактивниот флуиден дизајн на каросерија бил импресивен за времето исто како и возните својства. Техничките иновации, вклучуваат предна оска со пружини и стабилизатор на торзионата оска, на Octaviа и обезбедиле високо ниво на удобност во возењето и едноставно ракување. Со воведување на предни асиметрични светла во тек на 1959 година ја зголеми нејзината активна сигурност.

Малку потоа, во текот на 1959 Škoda претстави и помоќна верзија, Octaviа Super, со мотор со зафатнина од 1,2-литри, со 33 kW/45 KS. Побарувачката за новиот модел нагло пораснала и во земјата и во странство.

Со поновите генерации од поблиското минато, името стана синоним за целата марка.

Во 1992 година, набргу по преземањето на ŠKODA од Volkswagen концернот – стартува производството на сосема нов модел врз платформата на Golf. На современа техничка платформа, поранешниот главен дизајнер Дир кван Бракел (Dirk van Braeckel) и неговиот тим креирале каросерија со безгрешен  дизајн.

Octavia седан (некаде е користено и името salon) со голема врата на багажникот дебитира на четврти март 1996 година и се закити со меѓународно признание за високото ниво на активна и пасивна безбедност. Покрај тоа понуден  багажник со капацитет од 528 до 1328 L. Но уште по фасцинантна пространост понуди, Octavia Combi што се појави во март 1998 година.

Првата верзија со погон на сите четири тркала лансирана е 1999 година.

До ноември 2010 произведени се 970.000 sedan и повеќе од 470.000 караван верзии од првата генерација на Octaviа во модерната ера под закрила на VW, и пред крај на нејзиниот „животен век“ понудена е и во Tour изведба.

Успехот е продолжен и со втората модерна генерација, што се произведувала од 2004, до 2013 година и продадена е во 1,6 милиони sedan и 900 000 Combi варијанти.

Понуди уште поголема функционалност, а пристигнаа и бензински мотори со директно вбризгување, како DSG автоматски менувач на брзини со двојна спојка .

Актуелната Octavia –трета генерација јa задржа основата. Нејзиното производство стартува во ноември 2012 година, a првиот facelift  го доживеа во февруари 2017.

Повеќе од 2,5 милиони сопственици може да кажат колку се задоволни од актуелната генерација на Octavia.

Заклучок е дека Škoda Octavia веќе од поодамна е цврсто позиционирана на многу пазари. Тоа на импресивен начин го покажува податокот  кој открива дека од 1959 година, до денес се продадени 6,5 милиони примероци на овој успешен автомобил на Чесите.

Освен во главната фабрика во Млада Болеслав, Octavia се произведува и во Кина, Индија, Русија, Казахстан и Алжир.

Новата Octavia на пазарот се очекува во текот на наредната 2020 година, а веруваме дека успешната приказна на Чесите ќе продолжи..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Honda подготвува нов атак на брзинскиот рекорд на машина за косење трева!

Aston Martin Vantage V12 Zagato Heritage Twins by R-Reforged- нова приказна!

Во чест на 100 годишнината Bentley произведува и луксузен мебел!

Nissan GT-R Nismo 2020 со деби на Њујорк 2019!

Apollo Intensa Emozione подготвена за производство

Светски автомобил на годината 2019 и hat trick за Jaguar I-Pace!

Наследникот на Lamborghini Aventador  со хибриден погон

Од производната лента се симна милионитиот VW Sharan

Поостарите возила од вчера за влез во центар на Лондон плаќаат 12,5 фунти