Шест финалисти конкурираат за титулата Автомобол на годината во Македонија

Познати се шесте кандидати што согласно условите за учество во изборот на автомобил за 2020 година во Македонија, рамноправно ќе конурираат за крунта нај автомобил во нашта земја…

Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија ги одбра следниве возила кои влегуваат во финалето:

BMW 1

Kia XCeed

Mazda 3

Opel Corsa

SsangYong Korando

Toyota RAV4

Според однапред утврдената динамика следуваат деталните запознавања со финалистите, а прогласувањето на победникот ќе биде во средината на февруари 2020 година.

Инау,  Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија го годинав прославува 25-годишнина од постоењето.

Победникот традиционално ќе ја добие наградата „стилизирана маска на ладилник“ – авторско дело на Валентин Ширилов, која во сите досегашни избори ја добиваше победникот, а изработено токму за националниот избор на автомобил на годината во Македонија.

Победникот на изборот ќе биде прогласен на средината на февруари 2020 година, а претходно ќе следуваат и финалните тестирања и традиционалните дружења на финалистите и Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија.

Покрај наградата „Автомобил на годината во Македонија“, ќе биде доделено и признанието „СУВ автомобил на годината“, како и признанието за посебни достигнувања во автомобилската индустрија – „Томислав Биљарац“.

Информираат од, Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Привремено запрено производството на Audi E-Tron

Македонска премиера на Volkswagen Golf 8

Новат Оpel Corsa Автомобил на годината во Македонија за 2020!

Range Rover Evoque најомилен компактен SUV во Европа

Auto, motor und sport: Abarth 595 е Најдобар автомобил пет години поред

Произведени седум милиони Škoda Octavia!

Volkswagen официјално го покажа лицето на новиот Golf GTI

Пад на побарувачката на нови автомобили на почетокот на годинава во Европа

VW Group повторно ја одложи одлуката за фабрика во Турција