Шпионски фотографии на хибриден McLaren од спортската серија

И покрај големата камуфлажа, хибридниот спортски прототип на новата McLaren серија откри неколку интересни стилски промени…

Покрај комплет црни тркала, може да се забележат, меѓу другото, зелени клешти на сопирачките, големи доводи за воздух сместени зад вратата, впечатлив дифузер и аголен заден браник.

Наследникот на 570S споделува некои сличности со претходниот модел 675LT (две издувни цевки одзади), додека формата на фаровите потсетува на McLaren 720S.

Сепак, најмногу се очекува од погонскиот агрегат и перформансите. Британската марка за автомобили ќе го спари twin turbo  V6 бензински агрегат со електричен мотор во оваа спортска серија, а се претпоставува дека, заради подобри перформанси, моделот може да има опција за погон на задните тркала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Sonata N Line

Ваков скок може да изведе само Kia

Новиот Tesla Roadster ќе настапи на Нирбургринг 2021

Наједноставно и најевтино амфибија возило

Radical SR10 за тркачи и вистински ентузијасти во големите брзини

Видео: најава за новите BMW M3 и M4

VW ID.3 најпродаван модел во првата половина на септември во Норвешка!

Dacia најави SUV со 7 седишта за 2021

„Сензационален трансфер“- Rimac станува сопственик на Bugatti