Што се сe` нуди н аукцијата за 60-от роденден на Џемс Бонд

Голема онлајн аукција ќе понуди низа интересни предмети од филмовите, од книги и костими до безвременски автомобилски класици.

Аукциската куќа Кристи прославува 60 години од филмската франшиза за Џејмс Бонд (James Bond)со аукција во два дела, чиј приход ќе биде дониран во добротворни цели, пишуваат агенциитеr.

Понудени се голем број ставки, а кога се во прашање автомобилите, најзначаен е последниот филм од серијата, Нема време за умирање (No Time to Die). Понудата започнува со Jaguar XF управуван во филмот од негативците во потера по Бонд (Bond) и Медлејн Сван (Madelaine Swann). Се очекува дека би можел да достигне цена од 70.000 фунти.

Во понуда е и Range Rover SVR, кој би требало да достигне цена од најмалку 80.000 фунти. На аукција се најде и Land Rover Defender Bond Edition. Придвижуван од V8 мотор, овој модел не се појави во филмот, но е дел од ограничената серија од 300 примероци и единствен со значката „60 Years of Bond“. Се проценува дека ќе предизвика голем интерес, а со тоа и веројатно цена од 300.000 фунти. Понуден е и Defender од филмскиот сет, кој би можел да достигне повисока цена.

Конечно, тука се и Aston Martins. Посебно интересен е моделот V8, кој се појавува во филмот со Крег( Daniel Craig) , а буди спомени на моделот од The Living Daylights. Доволно за да достигне цена до 700.000 фунти. Конечно, како врв на понудата доаѓа репликата на DB5 која е произведена исклучиво за снимањето на најновиот филм. Има модерен 3,2 шестцилиндричен мотор и мануелен менувач, а и покрај оштетувањата е најскап со проценет трошок за промена на сопственикот од дури два милиони евра.

Да речеме и дека обожавателите со поскромниот буџет ќе најдат интересни предмети на аукцијата. Се нудат различни костими, куфери, па дури и маски од филмот Spectre.

Почетокот на лицитацијата е најавен за 15 септември.

Се што ќе се понуд на аукцијата можете да видите на страницата на christies.com –

https://onlineonly.christies.com/s/sixty-years-james-bond-part-ii-online-auction/lots/3319

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Škoda  Enyaq iV кампер

ELegend EL1 и EL2 ќе бидат инспирирани од легендарни спортски автомобили

Tркачки Maserati MC20 GT2

Како е создаден светски препознатливиот архитектонски симбол на Минхен?

Конфискуван Ferrari 458 Italia во чешката полициска флота

Lamborghini Huracan Sterrato

Hopium Machina Vision

Toyota GR86 10th Anniversary Limited

Citroen C3 Aircross Rip Curl