Шведска станува вселенска сила- најавува лансирање на сателити

Шведската влада ги одобри плановите за понатамошно модернизирање на вселенскиот центар Еsrange на северот на земјата, со фокус на лансирање мали сателити во орбитата на Земјата од 2022 година …

Министерката за вселенски работи Матилда Ернкранс ја објави одлуката во средата на отворањето.

Државниот оператор на вселенскиот центар SSC објави дека одлуката на владата ќе му овозможи да работи на зацртаната цел за лансирање мали сателити за две години.

„Ова значи дека Шведска ќе биде меѓу навистина малкуте земји со можност за лансирање мали сателити“, ги цитираа од SSC зборовите на министеркатат Ернкранс, во изјавата.

Шведските радио станици објавија дека нивната земја може да биде прва во Европа што лансирала сателити во орбитата на Земјата.

Во моментов, европските сателити се лансираат од космодромот Куру во Француска Гвајана, што е прекуморска територија на Франција

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рекорд во дрифтање со автомобил на струја!

Несмасно паркирање на електричниот Taycan

Бетонска плоча падна врз паркиран SUV

Специјална едиција на Morgan

Електричен Volkswagen e-Kubel

Dacia Grand Duster со седум седишта

Renault во Индија претстави crossover концепт Kiger

Најавен Mercedes Maybach S Class

Супер гаража вредна 13,5 милион долари design by McLaren