Најновата рестомод креација на Singer базирана на Porsche 911 се вика Big Sur и веднаш привлекува внимание со Horizon Blue боја и Singer Racing Orange ленти …
Оваа комбинација е направена во чест на спонзорот на Porsche, компанијата Gulf Oil, бидејќи тркачките автомобили имаа таква надворешност во текот на 1960-тите и 1970-тите (најзапаметени по Porsche 917k).
Што се однесува до ентериерот, Singer тука предвидел електрично прилагодливи спортски седишта, прекриени со коњак (Cognac) кожа и пијано црни- безбедносни појаси.
Погонот е обезбеден од 4,0-литарскиот мотор на Singer, всушност модифицирана верзија на 3,8-литарскиот Cosworth мотор што го нуди и Singer.
Автомобилот има моќност од 291 kW / 395 КС и 427 Nm максимален вртежен момент.
Оваа моќ, се пренесува на тркалата од задната оска преку пет (5) – степен мануелен менувач на брзини на Getrag.
Перформансите што ги нуди рестомод креацијата Singer 911 Big Sur се супериорни: Забрзувањето од 0 до 96 km/h за само 3,3 секунди, додека од 0 до 100 mph (161 km/h), податок интересен и за нас, но многу повеќе за клиентите од другата страна на Големата бара, забрзува за 8,2 секунди.