Системите за полу автономно возење не се така безбедни како што велат!

ААА, американската организација за заштита на потрошувачите, дојде до многу вознемирувачки заклучоци на сопствениот тест на возила со „полу автономно“ возење.

Системот AEB на Tesla, Hyundai и Subaru, кој автоматски треба да го запре автомобилот во случај на потенцијален судар, не реагира навреме! Од ААА истакнуваат дека автопилотот на Теsla го забавил возилото, на ниво на брзина на пешаците, но не го запрел.

Организацијата ги предупредува потрошувачите да не веруваат целосно во маркетиншките трикови на автомобилската индустрија и да не се потпираат само на реакцијата на „паметните“, активни безбедносни системи.

Во најновата од низата студии, експертите на ААА поставија задача, односно четири сценарија за тестирање на „автопилотот“ на споменатите брендови. Првата – престигнување на возило што се движи во иста насока, потоа заобиколување на велосипедист што се движи во иста насока како возилото презема акција, симулирање директен судир со возило од спротивна насока со брзина од 25 милји на час, како и реакција при „полетување“ на велосипедисти пред возила.

Сите возила успешно ги завршија првите две задачи. Hyundai Santa Fe и Subaru Forester воопшто не го забележале автомобилот што доаѓал од третото сценарио, па дошло до судир.

Да потсетиме, тој автомобил беше направен од еден вид сунѓер, само за работите да бидат во појасна перспектива.

Tesla Model 3 навистина закочи, но движењето не беше запрено, туку само забави, па ниту тој не го избегна судирот.

Проблемот со велосипедистот успешно го решија моделот на Hyundai и Tesla, но Subaru Forester и по петтиот тест не реагираше како што треба и го удри велосипедистот.

Толку многу за „напредните системи“ што многумина се потпираат на премногу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Continental се закити со титулата производител на пневматици на годината

Cupra Terramar и Cupra Tavascan

Apple ја интензивира работата на електричниот автомобил

Најавен SsangYong Torres

-Volkswagen плаќа казна од 193 милиони фунти на оштетените Британци во Dieselgate

Претставниците на 7-та сила во Италија велат електрична Panda ќе се прави во Крагуевац

BMW iX1 -зимски тестирања

VW го враќа во живот името Scout за својот електричен pick-up

Обновен Kia Soul