Системот eHorizon на Continental ќе спаси милијарди литри дизел кај шлеперите!?

Во ерата кога дизел моторите не само што ја губат популарноста кај автомобилите, туку тропаат на портите од депонијата на историјата, истиот, како и да е останува неопходен, во секторот на комерцијалните возила …

Тоа е и причината поради која производителите на автомобили, како и снабдувачите на различни системи напорно и самопрегорно продолжуваат да работат да ги направат агрегатите задвижувани од дизел гориво по пријателски настроени кон животната средина.

Во таа насока експертите од  Continental имаат сериозни алатки за да ги постигнат бараните резултати.

Станува збор за алатката што е именувана како – eHorizon, која е на сцена уште од  2012-та година и притоа има постигната забележливи резултати во овој тип на транспорт.

Како што наведуваат експертите од Continental овој систем располага со потенцијали за негово доработување и унапредување , а неговиот наследник, динамичниот  eHorizon, е уште поефикасен од својот претходник бидејќи остварува заштеда од плус два проценти во потрошувачката на дизел горивото.

Системот eHorizon има задача да ја следи позицијата на возилото со прецизни топографски карти и да користи информации за рутите на возилата.

Така, на пример, системот информира дека возилото (влекачот) ќе треба да забрза бидејќи пред него на патот следува искачување, или, пак, дека треба да го намали гасот, бидејќи следува надолнина и на тој начин тешкиот шлепер ем што уште повеќе штеди гориво, ем дополнително ја редуцира емисијата на штетните издувни гасови во воздухот.

Овој систем, имено, на тој начин ја одредува динамиката на возењето на тешките камиони при тоа ги користи податоците што се испорачуваат и анализираат во реално време.

Тоа му овозможува на истиот да дава точни пресметки бидејќи во континуитет ја следи ситуацијата што во тој момент е во сообраќајот.

Инаку, во овој момент системот на Continental е ставен на крајните – финални тестирања и се наоѓа во фаза пред производство, односно пред примена кај комерцијалните возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камерите во BMW како црни кутии ги чуваат снимките по сообраќајка!

Jaguar I-Pace со поголема автономија!

Аudi Q7 освежување со hybrid погонски системи

Pirelli претстави гума со сензори што се поврзуваат со Интернет

Daimler и со рендгенски зраци ќе ги контролира автомобилите

Mazda RX9 со електрифициран погон

Потенки но не и помалку безбедни ѕидови за компактните модели!

Новиот дигитален кокпит на VW Golf 8

Доаѓа ера на се попаметни дигитални клучеви!