Сите нови автомобили ќе мора да имаат ограничувач на брзина

Очекувано, уште еден систем ќе стане дел од задолжителната опрема на автомобилот, веќе во јули следната 2022 година…

Европската комисија усвои нацрт-регулатива со која се дефинира задолжителното инсталирање уреди за „Интелигентна помош за брзина“ (Intelligent Speed Assistance – ISA) на сите нови возила, вклучително и автомобили и комерцијални возила, од 6 јули 2022 година, пренесуваат информативните агенции.

Понатаму, моделските генерации на автомобили кои ќе бидат пуштени во продажба пред тој датум нема да мора да имаат систем до почетокот на 2024 година.

Тоа значи дека речиси сите нови автомобили на хрватскиот пазар ќе мора да бидат опремени со темпомат.

Прилагодувањето на брзината може да се дефинира со податоците на системот за навигација или системот за препознавање знаци, кој исто така е се повеќе застапен кај денешните автомобили.

Останува на производителите да ја осигураат веродостојноста на одредувањето на брзината, а земјите од ЕУ треба да се грижат за сообраќајните знаци за ограничување на брзината, посочуваат од Европската комисија.

Системот ISA ќе го извести возачот за максималната дозволена брзина со звучен и хаптички сигнал, а потоа самиот систем автоматски ќе реагира со спречување на пребрзо возење.

Секако, тоа не значи дека возачот нема да може да вози над 130 km/h бидејќи системот ќе може да го „заобиколи“ ненадејниот притисок на педалата за гас. Имено, предвидена е можност возачот да го деактивира системот, но тој автоматски да се активира при секое палење на моторот.

Начинот на кој функционира е, едноставно кажано, како систем старт-стоп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Renault Austral ја открива својата елегантна и мускулна силуета

Opel продолжува со забрзана електрификација

Тоyotа за три години со солидни батерии во EV и хибридните возила

Батеријата на EV полнете ја до 90% од капацитетот – ќе биде подолговечна!

Нови Alfa Romeo Giulietta и Alfa Romeo GTV

Tesla Model S Plaid ја зголеми максималната брзина на 262 км/ч

Hyundai иднината ја замислува во симбиоза со роботи!

Тesla Model S со батерија од startup компанија со едно полнење минал 1.020км

И Sony ќе произведува електрични автомобили – Vision-S 02 concept