Скејборд голем колку лаптоп и на струја доаѓа од Јапонија

Проблемите со густиот сообраќаен метеж доведоа до цела низа електрични возила кои спаѓаат во категоријата микро-мобилност….

Е, токму таков е случајот со малаиот електричен скејтборд, кој, по Јапонија, тргнува во освојување на глобалниот -меѓународниот пазар. Компанијата Cocoa Motors што го  произведува Walkcar, како што вушност гласи и името на овој електричен скејтборд, наведува дека неговата мала тежина и компактните димензии се најголеми предности.

Имено, Walkcar е со големина на помал лаптоп, со дијагонала од 13 инчи и тежина од само 2,9 кг. Производителот ја нагласува независна суспензија, што треба да овозможи лесно возење во урбаните средини.

Малата тежина се постигнува со употреба на лесни материјали како што се алуминиум и јаглеродни влакна за да се направи главната рамка на овој електричен скејтборд.  Сепак, Walkcar не е особено брз.

Максималната брзина во спортски режим е 16 км / ч, економичниот режим дозволува максимална брзина од 10 км на час, а просечната автономија е 7 км. Па, како управувате со ова „возило“?

Walkcar е опремен со уред сличен на жироскоп, кој детектира наклон на телото напред и назад и лево и десно и соодветно го корегира правецот или насоката на движење на возилото.

Сепак, една од карактеристиките покрај краткиот опсег може да го чини посериозен успех во Европа, но пред сè на пазарот во САД.

Имено, Walkcar можат да го користат луѓе чија тежина не надминува 80 кг… Покрај тоа, неговата цена не е ниска.  Така, во Франција изнесува не помалку од 1.750 евра!

Погледнете во следниот кус видео запис како работи овој електричен скејтборд:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рекорд во дрифтање со автомобил на струја!

Несмасно паркирање на електричниот Taycan

Бетонска плоча падна врз паркиран SUV

Специјална едиција на Morgan

Електричен Volkswagen e-Kubel

Dacia Grand Duster со седум седишта

Renault во Индија претстави crossover концепт Kiger

Најавен Mercedes Maybach S Class

Супер гаража вредна 13,5 милион долари design by McLaren